Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Семејното насилство не запира: сопрузи, партнери и родители пријавени во нови случаи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
DSC_0052

Во последното деноноќие се евидентирани вкупно седум пријави за семејно насилство, при што две лица се лишени од слобода, а со три лица се извршени службени разговори.

На 27 април во Струмица, полицијата го привела Н.А.(38), кој, според пријавата, агресивно се однесувал кон неговата 36-годишна сопруга. Тој е задржан во полициска станица, а за случајот е известен јавен обвинител.

— реклама —

Неколку часа подоцна, во Крива Паланка, лишен од слобода е С.Ц.(34), кој физички ја нападнал својата 26-годишна сопруга и ѝ упатувал закани.

Во Велес, 30-годишна жена пријавила дека нејзиниот невенчан партнер ѝ се заканувал по претходно недоразбирање.

— реклама —

Во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, извршен е службен разговор со А.Ј.(30), кој, според пријавата, физички ја нападнал својата 32-годишна сопруга.

— реклама —

Во Штип, 37-годишна жена пријавила закани од поранешен партнер, упатени телефонски и преку социјални мрежи.

Во Кисела Вода, полицијата разговарала со Ј.Ф.(83), кој, според пријавата, му се заканувал на својот 59-годишен син.

— реклама —

Дополнително, во Шуто Оризари, службен разговор е извршен со М.А.(26), осомничен дека физички ја нападнал својата 25-годишна сопруга.

Полицијата информира дека се преземаат мерки за целосно расчистување на сите случаи, по што ќе следуваат соодветни кривични или прекршочни пријави.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryrpkbu6bfgsc01paNMhT

Електронски алки за следење на насилниците и отстранување од домот на 48 часа предвидуваат новите законски измени за заштита од семејно насилство

Македонија | пред 21 час

— реклама —
media-libraryq5u4hu2k7ibf5WxP36M

За 69 отсто зголемени пријавите за семејно насилство, речиси 1.900 случаи за десет месеци, меѓу жртвите и 100 деца

Македонија | пред 22 часа

media-library3b651hlbrs9u6sf7rRv

Осум случаи на семејно насилство за еден ден

Македонија | пред 2 месеци

Screenshot-2024-05-30-at-08.55.22

„Ќе помогнеме Меланија и нејзиното семејство да бидат безбедни“ – Славјанка Петровска понуди помош за семејството од Куманово

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања