Промени тема
Контакт

Серафимовски: Обезбедени 450.000 вакцини против сипаници за овци и кози

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 часа -

Македонија
media-libraryc2f7s1r22pj82VK4d4u
unsplash

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, информира дека се обезбедени 450.000 вакцини против сипаници кај овците и козите од Европската Унија, за кои е добиена и дозвола за употреба.

— реклама —

Серафимовски најави дека во текот на следната недела ресорното министерство ќе одржи средба со претставниците на сточарите, на која ќе се разговара за следните чекори и можноста за спроведување вакцинација на добитокот.

Министерот информираше и дека е изготвена методологија за обештетување на сточарите чии овци угинале од сипаници. Според него, бројот на угинати овци се приближува до 10.000 грла.

— реклама —

„Согласно правилата, на истото место најмалку шест месеци нема да може повторно да се чува добиток. Така што, ние ќе гледаме максимално што можеме да извршиме исплата кон сточарите за да може да се подготват за повторно набавување нови овци“, изјави Серафимовски.

— реклама —

Тој оцени дека состојбата со сипаниците кај овците се стабилизира и дека засега ширењето на болеста е ограничено на Источниот Регион, кој е еден од најпогодените.

Според министерот, сточарите ги почитуваат пропишаните мерки и ги изолираат стадата, што придонесува за намалување на бројот на заболени грла.

— реклама —

„Во координација со сточарите ќе се разгледуваат следните чекори за справување со болеста и ќе ја разгледаме можноста за вакцинација на добитокот во согласност со препораките на европските експерти“, изјави Серафимовски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryc2f7s1r22pj82VK4d4u

Сипаниците кај овците не стивнуваат: Во Македонија регистрирани 64 жаришта и 10.000 угинати овци

Македонија | пред 4 седмици

— реклама —
media-libraryc2f7s1r22pj82VK4d4u

Сипаници ги пустошат стадата во Македонија, над 100 сточари ги изгубиле овците

Македонија | пред 1 месец

antraks-ovci

Засилени контроли на АХВ во Липково, поради појава на сипаници кај овците и козите

Македонија | пред 7 месеци

ovci-vo-sneg

АХВ: Потврдени нови жаришта на сипаници кај овци во Липково, преземени итни мерки

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања