Промени тема
Контакт

Северна Кореја гради воени бродови од 10.000 тони

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
Voeni-brodovi
Илустрација

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун соопшти дека Пјонгјанг продолжува со реализација на програмата за нуклеарно вооружување на морнарицата и најави изградба на нови воени бродови со депласман од 10.000 тони.

Изјавата била дадена за време на церемонијата за ставање во употреба на воениот брод „Чое Хјон“ во пристанишниот град Нампо, пренесе државната новинска агенција КЦНА. Станува збор за еден од двата разурнувачи од класата од 5.000 тони што Северна Кореја ги претстави минатата година.

— реклама —

„Програмата за опремување на морнарицата со нуклеарно оружје се реализира според планот. Тоа е стратешка насока од клучно значење, која ќе овозможи нашите нуклеарни сили да бидат подготвени за повеќекратни и ефикасни операции“, изјавил Ким.

— реклама —

Според севернокорејските медиуми, бродот „Чое Хјон“ е опремен со најсовремено оружје. Ким во неколку наврати годинава ги посетил бродовите од оваа класа, а во април лично надгледувал и тестирање на крстосувачка ракета лансирана од овој брод.

Севернокорејскиот лидер најавил дека по „Чое Хјон“ наскоро во оперативна употреба ќе биде воведен и разурнувачот „Канг Кон“, по што ќе следи изградба на стратешки воени бродови од 10.000 тони.

— реклама —

Според плановите на Пјонгјанг, земјата треба секоја година да произведува по два нови површински воени брода, поголеми од „Чое Хјон“, вклучително и крстосувачи со депласман од 10.000 тони.

— реклама —

На неодамнешниот пленум на владејачката партија, Ким најави дополнително јакнење на одбранбените капацитети, обвинувајќи ги Јужна Кореја и Соединетите Американски Држави дека со модернизацијата на своите армии го туркаат регионот „кон раб на нуклеарна војна“.

По неуспешниот самит меѓу Ким и американскиот претседател Доналд Трамп во Ханој во 2019 година, Северна Кореја повеќепати се прогласи за „неповратно“ нуклеарна држава. Земјата останува под меѓународни санкции поради својата нуклеарна програма, а двете Кореи и натаму формално се во воена состојба, бидејќи Корејската војна заврши со примирје, а не со мировен договор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library16nfgshmp6mo4dLSQX5

Нова тревога на Корејскиот Полуостров: Пјонгјанг истрела балистичка ракета

Свет | пред 1 ден

— реклама —
2212721_w-55023928-kim-dzongun_ls

Буданов: Северна Кореја ги користи искуствата од војната во Украина за развој на ново оружје

Свет | пред 6 дена

media-libraryngcrvfoeij4ibOFEDxF

Северна Кореја изврши пробно лансирање на ракети со продолжен дострел

Свет | пред 1 седмица

media-libraryi04a8l1t1qu24CMgGSp

Северна Кореја истрела два балистички проектили за една недела

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања