Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес

Во живо Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Севернокорејски војници се бореле во Курската област, Ким Џонг Ун: „Ќе направиме сè што можеме за да ѝ помогнеме на Русија“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
putin-kim1

Рускиот претседател Владимир Путин му се заблагодари на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун за учеството на севернокорејските војници во борбите против украинските сили, истакнувајќи ја нивната „храброст и жртва“.

— реклама —

„На ваша иницијатива, како што е добро познато, вашите специјални сили учествуваа во ослободувањето на Курската област. Вашите војници се бореа храбро и јуначки“, рече Путин на средбата со Ким во Пекинг, одржана на маргините од одбележувањето на 80-годишнината од капитулацијата на Јапонија во Втората светска војна.

— реклама —

Според проценките на јужнокорејската разузнавачка служба, околу 2.000 севернокорејски војници загинале во борбите на страната на Русија во западниот дел на земјата. „Сакам да нагласам дека никогаш нема да ја заборавиме жртвата на вашите вооружени сили и семејствата на вашите војници“, додаде Путин, изразувајќи благодарност во име на рускиот народ.

— реклама —

Ким Џонг Ун, пак, изјави дека е подготвен да направи „сè што може за да ѝ помогне“ на Русија, нагласувајќи дека соработката меѓу двете земји значително се зголемила по потпишувањето на договорот за партнерство во јуни 2024 година.

— реклама —

Состанокот во Пекинг го потврди сè поблиското партнерство меѓу Москва и Пјонгјанг во услови на продолжен воен конфликт во Украина и зголемени тензии со Западот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys53mtao81ol89eofQSB

(Видео) Путин пристигна во Кина и се сретна со Си Џинпинг на маргините на самитот на АПЕК

Свет | пред 12 часа

— реклама —
media-libraryeqpi3p374lp0e3TtA7y

ЕУ ги обновува односите со Сирија, истовремено го зголемува притисокот врз Русија

Свет | пред 2 дена

media-librarya1be4hmuknmef73E93U

Русија бара НАТО да се врати на границите од 1997 година

Свет | пред 4 дена

media-library80r36j4ah7lscADtZfe

Путин бара промена на безбедносниот поредок во Европа: НАТО да се повлече на границите од 1997 година

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања