Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека во моментов не постои директна закана за територијата на Алијансата, по руските предупредувања поврзани со Калининград. Тој порача дека НАТО е подготвен да го брани секој дел од својата територија.
Руте, говорејќи на самитот за одбрана и вселената во Брисел, рече дека руските нуклеарни закани не ги смета за сериозни, оценувајќи дека Москва не би можела да победи во директен конфликт со НАТО.
Неговите изјави следуваат откако Русија испрати документ до НАТО, во кој предупреди дека би можела да употреби и нуклеарно оружје доколку Алијансата се обиде да го отсече Калининград од остатокот на Русија. Москва оцени дека таквиот развој би носел висок ризик од директен вооружен конфликт.
„Ќе го браниме секој сантиметар од територијата на НАТО. Таа закана во моментов не постои, а доколку нешто се случи, подготвени сме да возвратиме“, изјави Руте.
Тој не сакаше да ја потврди содржината на рускиот документ, посочувајќи дека Русија треба сама да го објави. Сепак, порача дека НАТО е одбранбен сојуз и ја повика Москва да престане со нуклеарната реторика и да ја прекине војната во Украина.
Руте истакна и дека НАТО треба да остане смирен, да продолжи со поддршката за Украина и да ги зголемува вложувањата во одбраната.
Русија се закани со нуклеарен напад доколку НАТО се обиде да го отсече Калининград
Русија го предупреди НАТО дека е подготвена да го искористи и нуклеарното оружје доколку западната алијанса се обиде да ја изолира руската енклава Калининград.Во дипломатска нота испратена до НАТО, Москва ја обвини алијансата за „опасен и непромислен курс“, кој, според Русија, носи висок ризик од избувнување на директен вооружен конфликт.Во документот се наведува и можноста за руски напади врз центрите за носење одлуки во земјите-членки на НАТО.„Русија ќе биде подготвена да го искористи целиот а
Свет | пред 2 часа