Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Шест пожари се активни низ земјава, гори и букова шума во Кичевско

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library4npddjapi8h6aq6SM4N
unsplash / Илустрација

На територијата на земјава до 13 часот денеска се регистрирани вкупно 10 пожари на отворен простор, од кои шест сè уште се активни, еден е ставен под контрола, а три се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

— реклама —

Активни пожари има во шест општини. Во Прилепско гори ниска вегетација во атарот на село Чаниште, во правец кон Крушевица, Лопатица и Дуње, како и кон Црна Река.

Во Студеничанско, пожарот на потегот Моране – Вртекица – Рамни Габер има зафатено мешана шума. Во Македонски Брод гори во месноста Видуш, кај селата Драгов Дол и Локвица, каде што се зафатени ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки.

— реклама —

Пожар е активен и во Кичевско, во атарот на село Тајмиште, во месноста Дарда, каде што гори високостеблеста букова шума. Во Липковско, пак, пожарот во атарот на Никуштак зафатил ниска вегетација и шума.

— реклама —

Во Крушевско повторно се активирал пожарот во реонот на село Белушино, во правец кон Јакреново, но пожарот е ставен под контрола. Зафатени се ниска вегетација и дабова шума.

Еден пожар е под контрола во Делчево, каде што гори на градската депонија.

— реклама —

Во текот на денот се изгаснати три пожари. Во Гостиварско пожарот кај село Форино зафатил ниска вегетација, во Желино кај село Церово гореле ниска вегетација и папрат, додека во Могила, кај село Мусинци, бил изгаснат пожарот на ниска вегетација.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryuejkus7f7odsdN2DEB5

ЦУК со апел: Бројот 112 користете го само за итни случаи

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryg9g003g5e052cDjp05t

Дождот и маглата ги заробиле на Пирибег: ЦУК координирал акција за спасување на двајца странски планинари

Македонија | пред 3 седмици

media-library79udkma0epe17GL70Xf

Осум пожари и натаму активни низ земјава, ЦУК регистрирал вкупно 21 пожар

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryj61haa5vc1i8cKYUxJs

Пожар кај Јаболчиште, гори букова и дабова шума

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања