Ја разоткривме целата бизнис мрежа на Христијан Мицкоски во енергетиката и објавивме колку овој енергетски ‘октопод’ на Мицкоски има длабоки и широки пипци. Од институции како Регулатрна, РЕК, Развојна банка па се до оф шор структури на Кипар. Поминаа 6 месеци, Јавното обвинителство молчи. Не презема ништо, вели Кети Штерјова од СДСМ.
„Се молчи и за Душан Адамовиќ, функционер на СНС и почесен конзул кој го постави Мицкоски, за офшор структурите на Кипар кои водат се до ‘Rudnap Group’ на Војин Лазаревиќ, и се вмрежува директно со Владата преку министерката Сања Божиновска.
Ама затоа бизнисите течат. И тоа на големо.
Објавуваме нова бизнис зделка, вредна 13.2 милини евра.
Компанијата METER&CONTROL од Србија е избрана за носител на договорот на ЕВН Македонија за набавка на броила за струја.
Договорот е склучен на 11 август 2026 година, со објавена вредност околу 13,2 милиони евра.
А METER&CONTROL е поврзана нормално со Rudnap Group.
Основана во 2008 година, а Rudnap Group се појавува во нејзината сопственичка историја.
Кој е клучниот линк до Руднап?
Сања Божиновска, минстерката на Мицкоски за енергетика.
Божиновска во периодот 2011–2014 била извршен директор во компаниите на Rudnap Group во Централна и Источна Европа.
Божиновска се поврзува и со „Руднап ДООЕЛ“ Скопје, каде што била управител.
„Руднап“ е исто така партнер со „Ал Дахра“, компанија која се поврзува со проектот „Белград на вода“ кој се најавува и во Македонија.
„Руднап“ е линкот и со СНС во Србија и со ВМРО во Македонија и клучен дел од енергетската бизнис мрежа на Мицкоски.
Затоа и се создаде ново министерство и токму Божиновска Мицкоски ја постави на чело на Министерството за енергетика.
Затоа што сè е бизнис за Мицкоски.
Ама омилен му е бизнисот во енергетиката и бизнисот со струја“, додава Штерјова.