Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

(Видео) „Нов удар на Мицкоски врз граѓаните - поскапо парно за 20%, следува и поскапа струја“, вели Штерјова

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 51 минута -

Македонија
electricity-meter-96863_1280

Нов ценовен удар врз семејните буџети најави Кети Штерјова од СДСМ, посочувајќи дека парното од следната недела ќе поскапи за 7,56 отсто, што е трето зголемување од почетокот на годината.

— реклама —

Според неа, вкупното поскапување достигнало речиси 20 отсто, а просечно домаќинство ќе плаќа околу 460 денари повеќе месечно во споредба со почетокот на годината. Штерјова најави и ново поскапување на електричната енергија од 1 јануари, оценувајќи дека тоа ќе предизвика дополнителен раст на цените на храната и услугите.

— реклама —

На прес-конференцијата таа ја обвини Владата дека не презема мерки за ублажување на трошоците на граѓаните и дека ги одбила предлозите на СДСМ, меѓу кои и барањето за зголемување на минималната плата на 600 евра.

— реклама —

Штерјова посочи дека, според пресметките што ги изнесе, за покривање на основните животни потреби на едно семејство се потребни околу 71.000 денари, додека минималната плата изнесува 26.000 денари. Таа оцени дека граѓаните се соочуваат со сè поголеми финансиски тешкотии, додека, како што рече, функционерите на власта уживаат во луксуз.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library37jp7i9c36vj716kUuK

(Видео) Штерјова: Сè е фарса, ја пуштија Михаилова сега глумат дека ја бараат - Мицкоски го штити Тошковски

Македонија | пред 1 месец

— реклама —
media-libraryvg8tcljirem6dKV3Y2D

(Видео) Штерјова: Оставка од Тошковски и одговорност за сите вмешани што ја пуштија Михаилова

Македонија | пред 1 месец

media-library8d6hltc4fdc74ojl7DR

Штерјова: Бизнисот цвета - нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма поврзана со Rudnap Group

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryf9sck2oh11rv7kHCEfZ

Штерјова: Мицкоски ја распродава Македонија за профит -ископување антимон е опасно и мора да се прашаат граѓаните

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања