Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Си Џинпинг му испрати писмо на Вучиќ: „Вашата одговорност кон народот длабоко ме импресионираше“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-library2moj1josqf6v6tDujqL

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, добил писмо од кинескиот претседател Си Џинпинг, во кое кинескиот лидер ја нагласува важноста на односите меѓу двете земји и упатува пофалби за српскиот претседател по неговата неодамнешна посета на Кина.

— реклама —

Во писмото, Си Џинпинг посочува дека за време на средбите бил постигнат широк консензус за натамошно продлабочување на соработката меѓу Кина и Србија и за продолжување на изградбата на заедница со заедничка иднина меѓу двете држави.

— реклама —

„Срдечно разговаравме за пријателството меѓу Кина и Србија, разменивме мислења за управувањето со државата и за меѓународната ситуација. Вашата одговорност кон земјата и народот длабоко ме импресионираше“, наведува Си Џинпинг во писмото.

Кинескиот претседател потсетува и на Орденот на пријателството што му бил доделен на Вучиќ, оценувајќи дека тоа е симбол на долгогодишното пријателство меѓу двете земји и потврда за напредокот во билатералните односи.

— реклама —

Си Џинпинг истакнува дека придава големо значење на развојот на кинеско-српските односи и изразува подготвеност за редовна комуникација со Вучиќ, со цел натамошно унапредување на соработката и реализација на нови заеднички проекти.

— реклама —

На крајот од писмото, кинескиот претседател му посакува добро здравје и успех во работата на Вучиќ, како и просперитет, напредок, мир и благосостојба за Србија и нејзините граѓани.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

srpski-dinari

Пензиите во Србија растат за 7,5 отсто: Еве колку ќе добиваат пензионерите од јануари

Балкан | пред 5 часа

— реклама —
media-libraryoqbodgnbj8hddypwZO4

Угостителските услуги во Србија поскапеле за 5,6 отсто за една година

Балкан | пред 5 часа

media-library2gfqf9m4o7c7aGY3kLb

По изборниот успех, Студентската листа на средби со американски и руски дипломати

Балкан | пред 1 ден

media-librarya21ta639bia97PyqYKE

Без задолжителен воен рок, реформи за БИА и прекинување на испорака на оружје за Израел – што планира новата власт во Србија?

Балкан | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања