Промени тема
Контакт

Шилегов го оспори обвинението за Шефкет Хазари: „Со кои средства наводно предизвикал пожар?“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
media-library0des7vqsdbnkeijcY1R

Денешното рочиште за пожарор во дискотеката „Пулс“ го стави во фокус обвинителниот акт, откако адвокатот Петре Шилегов, бранител на обвинетиот Шефкет Хазари од Министерството за економија, ја изнесе својата одбрана и го оспори товарот што му се припишува на неговиот клиент.

— реклама —

Шилегов објасни дека одлучил да ги прочита делата што му се ставаат на товар на Хазари, нагласувајќи:

„Долго размислував дали да одам со читање на кривичните дела и дека тоа мора да го сторам, затоа што, како што велам, правно поаналфабетски памфлет немам видено, бидејќи ова не заслужува да носи име обвинителен акт.“

— реклама —

Тој додаде дека според обвинението, Хазари наводно бил свесен дека може да настане штетна последица и се согласил со нејзиното настанување:

— реклама —

„Делото што се става на товар вели: Тој што со пожар, поплава, експлозија и јонизирачко зрачење, моторна пила, електрична или друга енергија или со друго општоопасно дејствие или средство, ќе предизвика значителна опасност за животот на луѓето или имотот, од поголеми размери, па се предвидува казната. Тоа е делото што според Обвинителството го сторил обвинетиот Хазири. Со кои средства? Лиценцата за угостителска дејност е изработена и обработена во Министерството за економија, а од Хазари била проверена,“ рече тој.

Адвокатот посочи дека нема логична поврзаност меѓу административната работа на Хазари и пожарот што избувна многу години подоцна:

— реклама —

„Нејасно е како може проверка на лиценца или давање согласност во интервал од 2013 до 2019 година да предизвика пожар на 16 март 2025 во дискотеката во Кочани.“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library5jtjd07rgr419JapC03

Калајџиев за новата истрага против Дејан Јованов: Ако е отворена само за да се изигра рокот за притвор, тоа е злоупотреба на правото

Коментари | пред 3 дена

— реклама —
media-librarye10v3atee0gj3PS82WL

„Не сум изненадена, но сум вознемирена, новата истрага е конструкција“, вели адвокатката на Деко

Македонија | пред 5 дена

media-librarys3droijois4v65fZo5A

Кривичен образложи зошто газдата Деко доби нов 30-дневен притвор: опасност од бегство и влијание врз сведоци

Македонија | пред 5 дена

media-libraryarqnst12t5gobSjvUJO

Определен 30-дневен притвор за газдата Деко во новата истрага за поткуп

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања