Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки

Сиљановска-Давкова: „Без мајчиниот јазик не сме луѓе“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryau88q70v30a96JugMqo

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на одбележувањето на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, во организација на Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“, истакнувајќи дека македонскиот јазик е темел на националниот идентитет, култура и колективна меморија.

Таа нагласи дека прогласувањето на 21 февруари од страна на УНЕСКО има за цел подигнување на свеста за значењето на мајчиниот јазик како „матична клетка“ на идентитетот и традицијата. Според претседателката, мајчиниот јазик не е само средство за комуникација, туку духовен дом во кој се чуваат вредностите, спомените и достоинството на еден народ.

— реклама —

Сиљановска-Давкова предупреди дека во светот постојат околу 7.000 јазици, од кои многу се соочуваат со притисоци, нерамноправност и закана од исчезнување. „Кога исчезнува некој јазик, згаснува нечиј живот“, порача таа, нагласувајќи дека грижата за јазикот значи грижа за опстанокот на нацијата.

Претседателката повика на правилна и доследна употреба на македонскиот јазик во сите државни институции, во образованието и во медиумите, како и на избегнување непотребни странски заемки. Таа се заложи за проширување на мрежата на лекторати, поддршка на научни и образовни проекти, континуирана едукација и вложување во дигиталната присутност на јазикот.

— реклама —

Во говорот, таа потсети и на делото на Светите Кирил и Методиј, на Охридската книжевна школа, на Свети Климент и Свети Наум, како и на современата кодификација на македонскиот стандарден јазик. Јазикот, истакна, е и мост кон иднината, во кој се вградени искуствата на минатите генерации и стремежите на идните.

Сиљановска-Давкова посочи дека почитувањето на јазичната разновидност во државата ја зајакнува културата на дијалог и толеранција, создавајќи општество во кое различноста се доживува како сила што обединува.

„Додека живее јазикот, постои и народот“, порача претседателката, честитајќи го Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

siljanovska-filipce

Сиљановска-Давкова до Филипче: „Никогаш не сум паднала на испит“

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryaqhsemj5l5gr4cKUcuq

Сиљановска-Давкова за наводите за шпионажа: „Малку сум збунета од објавите на обвинителството“

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryi9gev62ero448EwMmPz

(Фото) Додека јавноста чека одговори за шпионската афера, Сиљановска-Давкова објави дека уживала на опера со „Мадам Батерфлај“

Македонија | пред 2 седмици

mickoski-i-siljanovska-1170x658-1

Мицкоски за аферата со шпионажа кај претседателката Сиљановска: „Тоа се шпионски талог и глодари од минатото“

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања