Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Сиљановска-Давкова ја прими претседателката на косовското Собрание, Албулена Хаџиу

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-libraryn9cc2k69tenhd0nkGhH

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими претседателката на Собранието на Косово, Албулена Хаџиу, која е во официјална посета на Македонија.

— реклама —

На средбата беше истакнато задоволството од добрите односи меѓу двете земји, редовниот политички дијалог и усогласеноста за важни меѓународни прашања. Сиљановска-Давкова ја потврди поддршката за евроатлантските стремежи на Косово, нагласувајќи дека напредокот на државите кон членство во ЕУ треба да се оценува праведно, според копенхашките критериуми.

— реклама —

Таа ја истакна и важноста на парламентарната соработка, редовните средби и размената на добри практики за унапредување на демократијата и европската интеграција на регионот.

— реклама —

Хаџиу се заблагодари за пријателството и поддршката од Македонија, посебно за придонесот кон мирот и стабилноста на Косово преку КФОР и НАТО.

Двете соговорнички го поздравија напредокот во економската соработка и трговската размена, посочувајќи ја потребата од подобро инфраструктурно поврзување и поедноставување на царинските постапки. Разговараа и за актуелните политички состојби, при што оценија дека помирувањето и посилната регионална соработка се важни за европската иднина на Западниот Балкан.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarym3e8b6ldf85e9m5gR1n

Сиљановска-Давкова: Уставот не е само закон над законите, туку и општествен договор меѓу граѓаните и државата

Македонија | пред 6 часа

— реклама —
media-libraryal8cp76ncnqocgeAlMD

Сиљановска-Давкова им честиташе на српските граѓани за изборниот исход

Македонија | пред 1 ден

media-libraryq37227ns8g612WjVBsI

Сиљановска-Давкова: Командата за операции е еден од столбовите на армискиот одбранбен систем

Македонија | пред 1 седмица

media-library9u9c0vra1ror7vuYgyL

„Домот е мала оаза на мир, емоционално прибежиште“, рече Сиљановска-Давкова на одбележувањето на 25 години СОС Детско село

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања