Промени тема
Контакт

Сиљановска-Давкова нема да го користи револверот што го доби од Ердоган

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-librarybptu34mbdlo8aQ6fBw6

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова нема да го користи револверот што како дипломатски подарок го добила од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, ниту ќе има каков било контакт со него, потврдија од нејзиниот Кабинет.

Оттаму информираат дека подарокот бил примен преку државниот протокол и дипломатска пошта и, согласно процедурите, ќе биде доставен во Скопје.

— реклама —

Од Кабинетот посочуваат дека револверот ќе биде соодветно евидентиран како службен предмет и со него ќе се постапува во согласност со Законот за оружје.

Потврдата следува откако турските медиуми објавија дека претседателот Ердоган на лидерите кои учествуваа на Самитот на НАТО им подарил гравиран револвер и кутија со муниција, што привлече внимание поради необичната природа на подарокот.

— реклама —

Сиљановска-Давкова присуствуваше на 36. Самит на НАТО, одржан на 7 и 8 јули во претседателскиот комплекс во Анкара, каде што вакви подароци им биле врачени на повеќе државни лидери.

— реклама —

Од Кабинетот нагласуваат дека револверот нема да биде во лична сопственост или употреба на претседателката, туку ќе биде третиран институционално, во согласност со важечките законски прописи. Засега не се соопштува каде ќе биде чуван откако ќе пристигне во Скопје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library1qg134pql4pja2SehEN

Ердоган го повика Трамп: „Доналде, продолжи ги преговорите со Иран“

Свет | пред 2 дена

erdogan-1

Ердоган: Ќе направиме сѐ за никогаш да не се повтори Сребреница

Свет | пред 1 месец

erdogan-1

Ердоган пред самитот на НАТО: Очекуваме поголемо единство и солидарност

Свет | пред 1 месец

erdogan-3

Ердоган: Израелските потези во Сирија и Либан се закана и за Турција

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања