Промени тема
Контакт

(Видео) Ердоган одржа говор во ОН, Израелци станаа и излегоа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Свет
media-libraryefjuv031ajk575HyM6x

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во обраќањето пред Генералното собрание на Обединетите нации остро ги осуди постапките на Израел во Газа и на окупираниот Западен Брег, при што порача дека ОН не ја исполнило својата обврска за зачувување на мирот и безбедноста.

За време на неговото обраќање, израелската делегација ја напушти салата, додека палестинските претставници реагираа со аплауз. Ердоган зборуваше за, како што наведе, „воени злосторства што продолжуваат во Газа“, како и за сè почестите напади од доселеници на Западниот Брег.

Тој рече дека, со поддршка од американскиот претседател Доналд Трамп, придонеле за воспоставување прекин на огнот, но дека и покрај тоа во Газа биле убиени повеќе од 1.300 цивили.

Ердоган истакна дека Израел не ги прекинува операциите во Газа, иако Хамас и другите палестински групи го прифатиле вториот дел од рамковниот договор за прекин на огнот од октомври. Тој предупреди и дека Западниот Брег минува низ, како што оцени, најтешкиот период поради активностите на израелските доселеници.

— реклама —

Газа ја опиша како „најнехуман и најсрамен концентрационен логор на нашето време“, додавајќи дека светот се соочува со, како што го нарече, „геноциден менталитет“.

— реклама —

„Никој што има човечност, милост или совест не смее да ги затвора очите пред тоа“, порача Ердоган.

На неговото обраќање реагираше и поранешниот претставник на ОН и основач на „The Shaikh Group“, Салман Шеик, кој оцени дека ситуацијата во Газа е „многу, многу тешка“. Според него, пораките што Ердоган ги упатил во ОН се од особено значење.

— реклама —

Шеик нагласи дека важна порака од говорот на турскиот претседател е дека случувањата во Газа и на окупираниот Западен Брег не треба да станат нормална појава. Тој истакна и дека Турција е значаен регионален и меѓународен фактор, активен во повеќе региони и организации.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryrov3e5g348259cQVVDu

Ердоган: ОН повеќе не можат да ја исполнуваат својата мисија, потребна е реформа на Советот за безбедност

Свет | пред 16 часа

— реклама —
erdogan-1

Ердоган со остро предупредување до Грција: „Престанете да ги вооружувате островите или ќе научите лекција од историјата“

Свет | пред 2 седмици

media-library1qg134pql4pja2SehEN

Ердоган го повика Трамп: „Доналде, продолжи ги преговорите со Иран“

Свет | пред 1 месец

erdogan-1

Ердоган: Ќе направиме сѐ за никогаш да не се повтори Сребреница

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања