Сиљановска Давкова: Планинарењето ги подобрува телесното и менталното здравје и ги јакнее карактерот и личноста на човекот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
siljanovska-davkova-4

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова се обрати на свечената академија по повод 100-годишинината од основањето на Планинарскиот клуб „Љуботен“, одржана под нејзино покровителство во Домот на културата „Иљо Антески – Смок“ во Тетово.

— реклама —

Таа посочи дека имаме посебна обрска да го заштитиме планинското богатство со кое, рече, сме благословени. Должни сме, истакна претседателката, да ги сочуваме ретките и загрозени видови дрвја, животни, билки, птици, инсекти, а природата ќе ни врати со чист и свеж воздух, ќе не штити од порои и поплави, ќе не лекува и ќе не храни.

— реклама —

„Да ја афирмираме филозофијата на здрав живот. Да направиме култ од планинарењето меѓу младите. Наместо кон коли и алкохол, да ги мотивираме и да ги насочиме кон физичка и спортска активност на планините. Да го омасовиме рекреативното планинарење”, рече Сиљановска Давкова.

— реклама —

Нагласи дека планинарењето како спортска и рекреативна активност ги подобрува телесното и менталното здравје и ги јакнее карактерот и личноста на човекот.

Присутните ја проследија богатата историја на најстариот македонски планинарски клуб „Љуботен“ преку презентацијата на документарен филм и мултимедијалната изложба.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library5ourh9jvfv2f2ZS9RXC

Сиљановска-Давкова прими претставници на Македонското здружение на млади правници (МЗМП) и на Центарот за еколошка демократија ФЛОРОЗОН

Македонија | пред 3 седмици

media-library8lu9400p2q5f1UrOiPN

„Двете кандидатки не ги предложив затоа што се жени, туку заради нивната стручност и компетентност“, претседателката Силјановска Давкова за предложените членови на Судскиот совет

Македонија | пред 3 седмици

media-library7fdh1al4m3pq8TY7k0E

Филипче: Поддршката на претседателката за Владата ја носи Македонија во изолација и продлабочување на кризата

Македонија | пред 1 месец

media-librarytnd9ok0ipgeqdnhpzEa

Сиљановска-Давкова ја посети шивалната во КПД Идризово: Секој заслужува втора животна шанса - работењето е клучно за ресоцијализација на осуденичките

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања