Мигранти, враќање на Груевски, тендери, контроверзии, Влада! „Претрес“ на министерот Андоновски
4AU6H_PQ96M

Сиљановска-Давкова: Системските недостатоци во имплементацијата на Истанбулската конвенција, бараат системски пристап во нивото отстранување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
media-librarym26o6hdplhcj86UtX4e

Покрај формалната, нужна е реална заштита на жените од насилство, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на јавната расправа за имплементацијата на Истанбулската конвенција, што ја одржа собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите.

— реклама —


Според неа, Извештајот на Државниот завод за ревизија дава прецизна дијагноза на реалните состојби и открива системски недостатоци во имплементацијата на Истанбулската конвенција.

— реклама —


Нејзини клучни препораки се: итно донесување на Националната стратегија 2026 - 2033; проширување на мрежата на засолништа; обезбедување долгорочна финансиска поддршка на жртвите; воведување стандарди во давањето на услугите од страна на социјалните центри; вработување на соодветен, стручен кадар и негова континуирана обука како и побрзо лиценцирање на СОС линиите. Според неа, програми за психосоцијален третман, треба да се спроведуваат не само со жртвите, туку и со сторителите.


Таа смета дека програмите за психосоцијален третман се потребни не само за жртвите, туку и за сторителите.


Претседателката укажа на потребата од јасни критериуми при распределбата на финансиите, врз основа на претходна анализа на трошоците.


Мора да се заостри казнената политика во однос на семејното насилство и фемицидот, истакна таа.


Сиљановска-Давкова предупреди дека жените остануваат незаштитени во критички момент како резултат на дисфункционалноста и некоординираноста на институциите. Заради тоа, фемицид расте, институционалната недоверба се продлабочува и се нарушува нашиот кредибилитет во исполнувањето на меѓународните обврски.


Укажувајќи на поразителната статистика на МВР за бројот на жртвите, учесниците во јавната расправа се заложија за системски промени насочени кон превенција на семејното насилство, како и соодветен одговор на кривичните дела врзани за насилството.


На седницата се обратија претседателката на Комисијата, Жаклина Пешевска, потпретседателката на Собранието, Весна Бендевска, заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски и помошничката на главниот државен ревизор, Катерина Чалоска Алексовска.


Во дискусијата учествуваа претставници од државните институции на национално и локално ниво, на граѓанскиот сектор и меѓународните организации.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

gordana-siljanovska-mickoskiKonvencija-10-02032024

СДСМ со совет до Сиљановска Давкова да не го слуша нивниот водач-бегалецот Груевски

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryfdcmovb3dfca83hQcQv

Претседателката учествуваше на Дипломатскиот хуманитарен базар

Македонија | пред 1 седмица

Davkova

Сиљановска Давкова за „24 Анализа“: Груевски сум го видела еднаш, од Филипче сум шокирана

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryj8coplla30rv5DLtIYN

Сиљановска-Давкова: Творештвото на Чемерски заслужува темелно да се истражи, документира и претстави

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања