Промени тема
Контакт

Синдикалците на протест, во Скопје посебен сообраќаен режим

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
protest-na-ssm

Министерството за внатрешни работи соопшти дека ви централното подрачје на Скопје ќе биде воспоставен посебен сообраќаен режим поради протестот што по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, го организира Сојузот на синдикатите на Македонија.

Првомајскиот протест, треба да започне во 11 часот пред зградата на ССМ, односно Работничкиот дом, а ќе заврши пред Владата на булеварот Илинден.

— реклама —

„Протестот е предвидено да започне пред зградата на ССМ на ул. ,,Мирче Ацев”бр. 4 со движење лево по ул. ,,Филип Втори Македонски”, десно по ул. ,,11 Октомври”, право по ул. ,,Димитрие Чуповски”, десно по ул. ,,Васил Главинов”, право по булевар ,,ВМРО”, лево по бул. ,,Илинден” до пред Влада.Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај по горенаведените сообраќајници во град Скопје“, се вели во соопштението од МВР.

— реклама —

Од Министерството апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците по кои ќе се движат учесниците на протестот.

— реклама —

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов, на прес-конференција порача дека работниците треба масовно да излезат на улица и јасно да го изразат незадоволството од ниските плати, слабата заштита на работничките права и барањето за зголемување на минималната плата од 600 евра.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

k15

Над 84 илјади денари за основен живот: Киријата драстично го зголемува семејниот буџет

Македонија | пред 4 седмици

— реклама —
SSM-696x419

Синдикатите бараат ограничување на работата на отворено поради високите температури

Македонија | пред 1 месец

market-pari

„И покрај малото намалување на минималната кошница, животот и натаму чини речиси 68.500 денари месечно“, велат од ССМ

Македонија | пред 2 месеци

Screenshot-2025-04-23-at-13.09.10

Наместо пензија, ќе работиме до крајот на животот?, прашува Трендафилов и бара пензија по 40 години стаж за мажи и 35 за жени

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања