Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„Синдикатите постојат за заштита на работничките права, а не за да може Деаноски да се луксузира на Јадранот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-librarynbe67qbfeh1s7otiayx

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение упати нови критики кон раководството на Синдикатот на УПОЗ и Сојузот на синдикати на Македонија, обвинувајќи го претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски, за ненаменско трошење на средства собрани од синдикалните членарини.

— реклама —

Од партијата тврдат дека Деаноски, кој е и член на претседателството на ССМ, организирал четиридневни спортски игри во Чањ, Црна Гора, за кои биле потрошени околу 60.000 евра.

— реклама —

Според ВМРО-ДПМНЕ, на настанот учествувале привилегирани членови на синдикатот, а дел од членството изразило незадоволство поради тоа што не сите имале еднаква можност да бидат дел од спортските игри.

„Синдикатите постојат за заштита на работничките права, а не за членовите на претседателството на ССМ да се луксузираат на Јадранот на грбот на работниците кои плаќаат членарина“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Од партијата оценуваат дека раководството на ССМ се оддалечува од членството и наместо да се фокусира на заштита на работничките права, се занимава со активности кои, според нив, не се во интерес на работниците.

— реклама —

Во соопштението се додава дека ваквиот пристап придонесува за намалување на довербата и легитимитетот на синдикалните организации.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryaqn0t76d675feC1bG7a

ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ и немало основ да се спречи влегувањето во Македонија

Македонија | пред 3 часа

— реклама —
media-libraryqcnmgcmc0fu3fN7MQmr

„Надзорната расправа организирана од СДС е поразена, Филипче матиран со вистината за Алта банка“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„Филипче е нервозен затоа што ќе се најде решение за Алта банка, во време на СДС банките пропаѓаа, се затвораа, а блиски до кланот Заеви се богатеа“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 дена

media-library2pnult34j92r4puAdC6

„Единствено во периодот на власт на Заев и Филипче преку Еуростандард банка, во Македонија се „испрале“ пари од Венецуела“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања