Промени тема
Контакт

Обвинителката тврди: При претресот таткото на судијата Ристов рекол дека синот Ѓоко го користел просторот каде што беа заѕидани 350.000 евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryp9ob7fmubiqk44j4Q8Y

Со презентирање на снимки од претресот во семејната куќа во Неготино, обвинителката од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Искра Хаџи Василева, денеска ја почна доказната постапка против суспендираниот апелациски судија Ѓоко Ристов, обвинет за прикривање имот и перење пари.

— реклама —

Еден од клучните моменти беше исказот на таткото на обвинетиот, Здравко Ристов, даден за време на претресот, во кој тој посочил дека просторот каде што биле пронајдени 350.000 евра го користел неговиот син.

„На прашање кој ги ставил тука, тој вели: можеби синот. Кој син? – Синот Ѓоко, судијата. Синот Ѓоко од Скопје го користи овој простор“, цитираше обвинителката пред судот.

— реклама —

Во судницата беше пуштена видеоснимка од претресот, на која се гледа како истражителите ги кршат кујнските плочки и откриваат шуплина во ѕидот, во која биле скриени 13 пакувања со вкупно 610 банкноти, во апоени од 200 и 500 евра, завиткани во алуминиумска фолија.

— реклама —

Обвинителството презентираше и имотни листови, податоци од ДКСК, информации за кредити и имот на Ристов и неговата сопруга Симона Зориќ-Ристова, како и судски одлуки поврзани со Љупчо Пецов – Ѓаволот, во чии предмети Ристов одлучувал како судија.

Одбраната побара вештакот лично да ги образложи наодите за биолошките траги и доказниот материјал. Ристов пред судот повторно изјави дека не се чувствува виновен, а тврдеше и дека вториот кат од куќата го користел неговиот брат, а не тој.

Судењето продолжува со изведување дополнителни докази.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryfb964a4bea3413gB3XX

Сопругата на судијата Ѓоко Ристов по сведочењето на свекорот и свекрвата: „Од кога е срамота да се печали од земјоделие?“

Коментари | пред 1 ден

— реклама —
media-librarypndrifbcb0na1QRbNBu

Како се ваделе парите од ѕидот кај родителите на Ристов: Криминалистички техничар сведочеше за претресот, одбраната докажува пропусти

Македонија | пред 4 дена

media-libraryfb964a4bea3413gB3XX

„Јас ги печалев, жена ми ги ставаше во ѕидот“ – таткото на судијата Ристов за скриените пари, обвинителката го соочи со ДНК-резултатите

Македонија | пред 4 дена

media-libraryrfsg4jpttu6o122N5yi

„Плетев до три часот наутро“ – мајката на судијата Ристов објаснуваше како ги стекнале илјадниците евра зад плочките

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања