Промени тема
Контакт

„Ситуацијата секој ден се влошува“: Уморните украински војници во Курск чекаат промени во Белата куќа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
tentara-ukraina-menggunakan-peluncur-rudal-dalam-latihan-militer-di-donetsk-saat-bersitegang-dengan-rusia_169

На линијата на фронтот во руската област Курск, тонот на пораките од украинските војници е мрачен и исполнет со фрустрација.

„Ситуацијата секој ден се влошува“, пишува еден од нив и додава: „Не ја гледаме целта. Ова не е наша земја“.

Речиси четири месеци откако украинските сили започнаа офанзива во Курск, пораките што доаѓаат од војниците прикажуваат тежок секојдневен живот и борба што многумина не ја разбираат целосно. Тие се сомневаат во нејзиното значење, а некои стравуваат дека битката е веќе изгубена, пишува Би-Би-Си.

Преку Телеграм, од Би-би-Си стабиле во контакт со неколку војници на тој фронт, меѓу кои и еден кој неодамна ја напушти областа. Сите сакаа да останат анонимни, а имињата во овој текст се псевдоними.

— реклама —

Војниците зборуваат за лоши временски услови, континуирано руско бомбардирање и хроничен недостаток на сон. Еден од најголемите стравови се руските плови бомби од 3.000 килограми, кои предизвикуваат терор на фронтот.

— реклама —

Повлекувањето е дополнителен извор на фрустрација. Руските сили постепено ги враќаат изгубените територии.

„Овој тренд ќе продолжи“, напиша Павло на 26 ноември, па додаде: „Тоа е само прашање на време“.

— реклама —

Заморот е огромен, вели тој, бидејќи нема ротации, а на фронтот пристигнуваат нови единици составени главно од средовечни мажи, префрлени директно од други фронтови, без одмор.

Поплаките за команданти, опрема и одлуки не се невообичаени меѓу војниците, но тонот на овие пораки укажува на подлабок проблем. Многумина се сомневаат во целта на операцијата и се прашуваат дали целите воопшто биле постигнати. Една од првичните задачи беше да се одвојат руските трупи од источниот фронт на Украина, но некои војници веруваат дека таа цел не е постигната.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryabpnnkvkudne1DUDhMZ

Москва пријави илјадници сајбер-напади за време на парламентарните избори

Свет | пред 9 часа

— реклама —
media-libraryal7tn11j3fht2MfVpaw

Расте загриженоста во Европа од можни руски напади врз НАТО: Се спомнуваат дронови, проектили и саботажи

Свет | пред 9 часа

media-libraryh6lpk7rjt4rkenrhsf3

Фицо: Некои западни политичари сакаат да предизвикаат војна меѓу Русија и НАТО

Свет | пред 19 часа

media-libraryh66i1s7p14t40xNVJYV

Поранешна членка на Pussy Riot: ФСБ ме уценуваше да шпионирам активисти и да намамам човек во Србија

Свет | пред 19 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања