Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

Скандал на Филозофски факултет: Запишувале студенти на магистерски и докторски студии без диплома

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-librarycmgpv65mgs0jajH1QP3

Десетина студенти се нашле во „правен и финансиски ќорсокак“, откако Државниот просветен инспекторат утврдил дека биле незаконски запишани на магистерски и докторски студии на Филозофскиот факултет при УКИМ, иако немале завршено соодветни додипломски студии , пишува „МКД.мк“.

По инспекцискиот надзор биле констатирани неправилности и наложено поништување на уписите, при што студентите останале без статус, но и без средствата што ги уплатиле, кои за магистерски студии изнесуваат од 2.000 до 3.000 евра, а за докторски и до 5.000–6.000 евра.

— реклама —

Дел од студентите се обидуваат да ги вратат средствата, но од Деканатот на Филозофскиот факултет засега нема официјален одговор, поради што дел од нив веќе ангажирале правна помош и најавуваат судски постапки.

Министерството за образование потврдило дека Државниот просветен инспекторат постапил по пријава и донел решенија за поништување на уписите поради неисполнување на законските услови, но појаснило дека прашањето за враќање на средствата и евентуалната отштета не е во нивна надлежност, туку се решава по судски пат.

— реклама —

https://mkd.mk/makedonija/na-filozofski-fakultet-se-zapishuvaa-magistranti-i-doktorandi-bez-ispolneti-uslovi/

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

7CA9A2C5-BC4C-487B-A68B-49AD687CBA6F

Колапс на високото образование: УКИМ го нема меѓу 2.000-те најдобри универзитети во светот

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryi0mou0fh9v9p1sj49AZ

УКИМ одбележа 77 години од основањето и патрониот празник

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryj0me57nr0uu00uTeiFL

Јаневска најави нов скандал: „Следува уште покрупна неправилност што ќе ја шокира јавноста“

Македонија | пред 1 месец

media-library85bc0dsdhvtfcgEVaiK

Ректорката на УКИМ очекува поголема автономија со новиот закон за високото образование

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања