Промени тема
Контакт

Поповиќ: Скандалот со бодигардот на Мицкоски е уште една причина, оставка од Тошковски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-library905jvgnhq3mrfM4Vi1r

На денешната прес-конференција, Наташа Поповиќ, членка на Извршниот одбор на СДСМ, побара оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, поради случај поврзан со лице од обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски.

Таа истакна дека станува збор за, како што рече, скандалозен случај во кој припадник на обезбедувањето на премиерот завршил во притвор за семејно насилство, при што ја претепал сопствената сопруга.

Поповиќ оцени дека овој случај е одраз на опкружувањето на премиерот и на, како што наведе, систем во кој насилството се нормализира, а институциите не функционираат соодветно.

— реклама —

Таа додаде дека обезбедувањето на премиерот е под директна надлежност на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, обвинувајќи за партизација на полицијата и нејзино користење за политички цели, наместо за заштита на граѓаните.

— реклама —

Во своето обраќање, Поповиќ наведе дека во последниот период се забележани повеќе случаи на насилство и сериозни инциденти, за кои, според неа, недостига институционална реакција и превенција, вклучително и случаи на врсничко и семејно насилство, како и тешки кривични дела.

Таа посочи и на, како што рече, сериозни системски пропусти, спомнувајќи случаи од повеќе градови и тврдејќи дека институциите не постапиле соодветно.

— реклама —

На крајот, Поповиќ оцени дека системот не е во функција на граѓаните и повторно побара политичка и морална одговорност од министерот Тошковски, со барање за негова оставка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library68efv6ls9s859fgxwqk

„Цените се до плафон - СДСМ бара намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5% и намалување акцизите за 50%“, вели Поповиќ

Македонија | пред 3 седмици

— реклама —
media-library0e7infbg27ko1XpoGtF

(Видео) Поповиќ: Објавете ги анализите за водата во Гостивар, на граѓаните не им требаат партиски прослави и здравици

Македонија | пред 1 месец

media-library0e7infbg27ko1XpoGtF

(Видео) Поповиќ: Над 5.000 заболени, 22 дена вода со фекалии а Мицкоски и ВМРО-ОКГ слават во Гостивар!

Македонија | пред 1 месец

media-libraryht23diags6naffvIIhf

(Видео) Поповиќ: „По навредите на Мицкоски и неговиот „талог“, навредите од ВМРО, сега навреди и од Стоилковиќ“

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања