Промени тема
Контакт
Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со Некст тајм, Пејчиновски, Кировски, Везилка 2
Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со Некст тајм, Пејчиновски, Кировски, Везилка 2

Ново семејно насилство: Скопјанец ноќеска пукал со пиштол во домот, додека им се заканувал на сопругата и трите ќерки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Скопје
media-libraryml8o7diat41g5EMuESm

Педесет и петгодишен скопјанец е лишен од слобода откако пукал од пиштол во семејниот дом, им се заканувал на сопругата и трите ќерки и физички нападнал една од нив, информира Министерството за внатрешни работи.

Според полицијата, на 6 март околу 00:40 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Б.С. (55) од Скопје поради сомнение дека со оружје се заканувал на својата 48-годишна сопруга и на нивните три ќерки на возраст од 26, 24 и 18 години.

— реклама —

Од МВР посочуваат дека на 1 март, по претходна расправија во домот, осомничениот испукал еден куршум од пиштол кој завршил во прозорецот. Потоа им се заканувал на 24 и 18-годишната ќерка, при што физички ја нападнал постарата.

— реклама —

Насилното однесување, според пријавата, било повторено и на 5 март околу 22:30 часот, кога повторно со пиштол ѝ се заканувал на сопругата, но бил спречен од ќерките да го употреби оружјето.

— реклама —

Осомничениот е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

tepacka1

Бракоразводна драма во Скопје: Прво тој ја пријавил сопругата за напад, два часа подоцна таа го пријавила него

Македонија | пред 2 часа

media-libraryk1ukvadfjl94cyir2gl

Узурпирал државна парцела и бесправно градел, кривична за жител на дебарско

Македонија | пред 2 часа

media-librarymiid0t15caih9rM6JDZ

Син ја нападнал својата 61-годишна мајка

Македонија | пред 2 часа

media-library3gojtdh024v31P7Z2Gq

Изгубила контрола над четирициклот и се превртела, 41-годишна битолчанка тешко повредена

Македонија | пред 2 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања