Промени тема
Контакт

Скопје добива 500 нови паркинг места: Почнува изградбата на две катни гаражи кај Клиничкиот центар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Скопје
media-library3ft65bndi9t8cA5SQFl

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска заедно со министерот за здравство, Азир Алиу, како и со стручните тимови од ЈП „Градски паркинг“ и Град Скопје, одржаа координациски состанок со кој официјално се отпочнува процесот за изградба на две монтажни катни гаражи во рамки на Клиничкиот центар.

— реклама —

– Со реализацијата на овој проект кој ќе го изведува градот Скопје, ќе се обезбедат околу 500 нови паркинг места, со што конечно се става крај на долгогодишниот хаос со паркирањето во и околу Клиничкиот центар.  Ова е конкретно, функционално и трајно решение кое директно ќе го олесни секојдневието и работата на здравствените работници, но и пристапот на пациентите од целата држава кои секојдневно доаѓаат на лекување.

— реклама —

Изградбата на монтажните гаражи ќе овозможи подобра организација на сообраќајот, слободен и непречен пристап за итната медицинска помош и поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот, со почитување на јавниот простор и современите урбанистички стандарди, објави Ѓорѓиевски.

— реклама —
media-librarydp5phnv0hqfsbihMgve

Посочува дека овој важен инфраструктурен зафат е во координација со премиерот Христијан Мицкоски и претставува јасен сигнал за заедничка посветеност кон решавање на реалните проблеми на граѓаните и унапредување на здравствениот систем.

-Со заедничка работа, координација и јасна визија, чекор по чекор градиме функционални и одржливи решенија во интерес на граѓаните. Ова е само дел од она што следува. Скопје ја живее новата ера, нагласува градоначалникот на Град Скопје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarynoj9p174ashi81BHMDA

Од утре се менува работното време на зонското паркирање во Скопје

Скопје | пред 1 седмица

— реклама —
parking-1

Ново Лисиче сè уште чека зонско паркирање: Со месеци се обележуваат паркинзите

Скопје | пред 2 месеци

media-librarynoj9p174ashi81BHMDA

ЈП „Градски паркинг“ со ново летно работно време за зоните А, Б, Ц и Д

Скопје | пред 4 месеци

media-librarynoj9p174ashi81BHMDA

За втор автомобил во Центар ќе се плаќаат 500 денари, а за трет 1.500

Скопје | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања