Промени тема
Контакт

Скопје ги следи сите службени возила со GPS, а со посебни сонди се контролира и нивото на гориво со цел да се спречат можни злоупотреби

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Скопје
media-libraryaoae87jakhk36N1pIPm

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека сите службени возила со кои располагаат Град Скопје и јавните претпријатија се опремени со GPS-уреди и се следат преку современ систем за мониторинг, со цел да се намалат трошоците и да се спречат можни злоупотреби.

Преку системот во реално време се следат локацијата на возилата, нивната маршрута, брзината, времето поминато во движење и потрошувачката на гориво. Дополнително, со посебни сонди се контролира и нивото на гориво, што овозможува полесно откривање на неоправдани или нелогични трошоци.

Ѓорѓиевски вели дека секое возило, изминат километар и потрошен литар гориво мора да има оправдување, а воведувањето на системот е дел од, како што наведува, домаќинското управување со градскиот буџет.

— реклама —

Тој посочува дека и самиот не користи службено возило, туку се превезува со сопствен автомобил и горивото го плаќа од личниот буџет. Службеното возило што во минатото го користеле градоначалниците е ставено на располагање за потребите на Град Скопје.

Како пример за ефектите од ваквиот пристап, Ѓорѓиевски го посочува ЈСП – Скопје, кое во првите шест месеци, според неговите податоци, заштедило половина милион евра за гориво во споредба со истиот период минатата година, иако во системот дополнително биле вклучени 50 возила.

— реклама —

Според него, средствата што ќе се заштедат од непотребни трошоци треба да се насочат кон улиците, парковите, јавниот превоз, училиштата, културата и други потреби на скопјани.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

bujar-osmani

И авионот во кој патувал Бујар Османи во 2023 останал без ГПС сигнал над Бугарија

Македонија | пред 11 месец

flajt

Флајтрадар: Авионот со Урсула фон дер Лајен не го изгубил GPS-от

Свет | пред 11 месец

189145_peskov_f

Москва негира вмешаност во GPS-инцидентот со авионот на Урсула фон дер Лајен

Свет | пред 11 месец

fon-der-lajen

Авионот на Фон дер Лајен останал без ГПС – сомнежи за руско мешање

Свет | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања