Промени тема
Контакт

Москва негира вмешаност во GPS-инцидентот со авионот на Урсула фон дер Лајен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
189145_peskov_f

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, категорично негираше дека Русија има каква било вмешаност во нарушувањето на GPS-навигациските системи на авионот кој ја превезувал претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен при нејзината посета на Бугарија.

— реклама —

„Информациите ви се невистинити,“ изјави Песков за британскиот Financial Times, пренесе агенцијата ТАСС.

— реклама —

Според извештаите, при слетувањето на аеродромот во Бургас навигацискиот систем на авионот бил нарушен, поради што пилотите морале да се ориентираат со хартиени карти.

— реклама —

Портпаролката на Европската комисија, Ариана Подеста, на брифинг во Брисел потврди дека бугарските власти ги информирале институциите на ЕУ за сомнеж во „груба интервенција од страна на Русија“. На прашање дали Софија доставила конкретни докази, таа одговори негативно.

— реклама —

„Можеме да потврдиме дека имаше нарушувања во GPS-сигналот, но авионот безбедно слета во Бугарија. Информацијата што ја добивме од бугарските власти е дека тие имаат сомнеж за груба намеса од Русија,“ изјави Подеста.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

fon-der-lajen

Урсула фон дер Лајен утре во Скопје: Што носи претседателката на ЕК?

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
mkd-429029

Урсула фон дер Лајен тргнува на балканска турнеја: Ќе ги посети Тирана, Приштина, Подгорица и Скопје

Свет | пред 4 дена

ursula

Македонија не е меѓу четирите земји со нови патокази за членство во ЕУ

Македонија | пред 5 дена

mkd-429029

Фон дер Лајен од 30 септември до 2 октомври на турнеја низ Западен Балкан, ќе дојде и во Скопје

Балкан | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања