Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Авионот на Фон дер Лајен останал без ГПС – сомнежи за руско мешање

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
fon-der-lajen

Авионот со кој патувала претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен останал без ГПС навигација при слетување во Бугарија, а во Брисел се сомневаат дека зад инцидентот стои Русија.

— реклама —

„Можеме да потврдиме дека имало блокирање на ГПС сигналот, но авионот безбедно слета,“ изјави Аријана Подеста, заменичката на портпаролот на ЕК.

— реклама —

Настанот се случил за време на турнејата на Фон дер Лајен низ Летонија, Финска, Естонија, Полска, Литванија, Бугарија и Романија. Таа вчера пристигна во Бугарија, каде што ја посети фабриката за оружје во Сопот.

Според „Фајненшл тајмс“, авионот што ја превезувал до Пловдив не можел да користи електронски навигациски помагала како резултат на пречките, што го принудило пилотот да се потпре на хартиени мапи за слетување.

— реклама —

Подеста изјави дека Европската комисија добила информации од бугарските власти врз основа на кои се сомнева дека попречувањето било извршено од Русија.

— реклама —

Блокирањето и лажирањето на ГПС сигналот ги оневозможува авионите да користат навигациски системи како американскиот „ГПС“ или европскиот „Галилео“, или пак ги нарушува добиените податоци за локација. Европските влади веќе предупредија дека оваа форма на намерно мешање се забележува во регионот на Балтичко Море од 2022 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

mkd-429029

Шефот на „Рајанер“: Фон дер Лајен е бескорисна

Свет | пред 3 седмици

— реклама —
media-libraryj4dr96mqr2fl720ppdD

Македонија може брзо да напредува, фокусот сега е на деблокирање на пристапниот процес, порача фон дер Лајен

Македонија | пред 1 месец

ursula

Урсула фон дер Лајен во Скопје на средби со Мицкоски и Сиљановска-Давкова

Македонија | пред 1 месец

fon-der-lajen

Фон дер Лајен во петок во Скопје, во фокус европската интеграција и спорот со Бугарија

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања