Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот

Во живо „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Скопје ќе го добие првото „подземно чудо“ - Ѓорѓиевски најави изградба на подземна сообраќајница од Лимак до Кисела Вода

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Скопје
media-libraryttiderlk9qgkcz4vYLV
ФБ

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска ја потпиша одлуката за јавна набавка за изградба на почетната фаза од првата подземна сообраќајница во Скопје која ќе биде реализирана од потегот од под „Лимак“ до влезот на Кисела Вода, односно на булеварот „Македонија“.

— реклама —

„Со пуштањето во употреба на подземната сообраќајница под ‚Лимак‘, Скопје ќе го добие своето прво подземно сообраќајно чудо“, истакна Ѓорѓиевски, додавајќи дека ова е еден од најзначајните проекти за градот и симбол на новото време за Скопје.

„По завршувањето на правната постапка, веднаш започнуваме со работа“, соопшти градоначалникот, нагласувајќи дека оваа инвестиција ќе го растовари сообраќајниот метеж во централното градско подрачје и ќе донесе нова динамика во срцето на градот. Проектот предвидува изградба на шест ленти, од кои четири се за двосмерен автомобилски сообраќај, две за јавен превоз, како и дополнителни пешачки патеки.

— реклама —
— реклама —

Дополнително, ќе бидат изградени нов кружен тек кај „Нова Македонија“ и двата кружни тека на потегот кај булевар „Кочо Рацин“ и улица „Железничка“.

— реклама —

Според Град Скопје, со завршувањето на подземната сообраќајница, централниот дел на градот ќе стане побезбеден, покомфорен и поуреден, а сообраќајот ќе се одвива непречено.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarypdidt52vukkocB8JCVG

(Фото) Од дива депонија до мегапарк: Карпош добива зелена површина од 86.000 квадратни метри

Скопје | пред 1 ден

— реклама —
media-librarybg01h6c6o4rlaYuQdTM

Ѓорѓиевски на средба со ГРЕКО: Транспарентноста и одговорноста се темел на довербата на граѓаните

Скопје | пред 1 седмица

media-librarybeoq1r3hnar07xnPXZi

Ѓорѓиевски: За моите сограѓани секогаш има време – и оваа сабота со отворени врати и искрен разговор

Скопје | пред 3 седмици

media-libraryc1qdhv9fjae3fc2SoGd

Ѓорѓиевски: БРТ е едно од повеќето функционални решенија за градскиот сообраќај, над 520 паркинг места кај Клиничкиот центар

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања