Промени тема
Контакт

Скопје нема да биде „на вода“, не очекувајте комплекс покрај Вардар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Скопје
media-library6bfnvja9ki0ncuL0gBC

По многуте шпекулации дека на кејот на Вардар кај Карпош ќе никнат згради, од кои ќе се направи комплекс „Скопје да вода“, Општина Карпош тврди дека станува збор за измислици.

„Груба лага и манипулација се тврдењата за некакви проекти налик на искуства од други држави во регионот. Ниту сме планирале ваков тип на урбанизација ниту планираме. Свесното извртување на факти и пласирањето на ноторни лаги е опасна игра со јавноста која остро ја осудуваме.

Во име на транспарентноста и отворената комуникација која Општина Карпош ја води со граѓаните, по низата шпекулации и лажни вести кои се проширија, должни сме пред севкупната јавност да ги посочиме следните факти:

— реклама —

 Работиме на средување на урбанистичкиот хаос кој го наследивме во Општина Карпош

 Сите започнати постапки од претходното раководство, преку надлежната комисија за урбанизам се дадени на ревидирање и повторно разгледување

— реклама —

Сето ова е преземено со цел да се заштити интересот на граѓаните, развојот на зелениот простор во општината, хуманото уредување на просторот во рамки на законската регулатива.

— реклама —

Карпош ќе се развива според потребите на карпошани и во директна консултација со карпошани. Новото раководство на општината ќе работи само и исклучиво во интерес на граѓаните на Општина Карпош.

За сите информации кои произлегуваат од постапката за донесување на детален урбанистички план во иднина, преку анкети и сооштенија, навремено и транспарентно ќе бидат информирани граѓаните и пошироката јавност“, велат од Општина Карпош.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

evn-ptici-struen1

Денес прекин на струјата во Општина Карпош

Скопје | пред 6 дена

— реклама —
media-librarynhi48kqsdp3daITSseD

ОУ „Братство“ добива нова спортска сала вредна 64 милиони денари, ќе има трибина со 400 седишта

Скопје | пред 2 седмици

park

Паркот во Карпош 4 ќе биде готов до крајот на годинава: 72.000 квадрати зеленило и спортски терени

Скопје | пред 2 седмици

media-libraryclab9cqjnh305hrVoST

(Видео) Нов вандализам, овојпат во Карпош: деца снимени како уништуваат приватен имот

Скопје | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања