Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Скопската Зоолошка доби нов в.д. директор, доаѓа од редот на вработените

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Скопје
media-library479p3iai9ige7KdZAtU
Фото: ЗОО-Скопје, вебсајт

Катерина Костова е назначена за в.д. директорка на Зоолошката градина, дознава „Скопје1“ од изводи од установата. Таа доаѓа на позицијата од Зоран Попов, кој беше кадар на Данела Арсовска, во чие време угинаа десетици животни. Костова е избор на Орце Ѓорѓиевски како нов градоначалник на Скопје.

— реклама —

„Скопје1“ се обиде да добие потврда од Град Скопје за тоа дали формално е извршено назначувањето, на што очекуваме одговори. Ова доаѓа откако во јавноста се појавија информациите дека со ЗОО-Скопје ќе раководи Стефан Кирков, за кого беше објавено дека бил осуден за измама со животни, па активисти сметаа дека е тенденциозно оваа функција да му се довери нему.

— реклама —
— реклама —

Вработени во Зоолошката градина за „Скопје1“ брифираат дека Костова е дел од установата повеќе од шест-седум години. Последно, таа била и лице задолжено за пристап до информации од јавен карактер.

— реклама —

Зоолошката градина во изминатите години беше често мета на критики, поради угинувањето на жирафата, слонот, ламата, мајмунот од расата патас. Во 2023 година, Зоолошката градина го изгуби и кандидатскиот статус за членство во Европската асоцијација на зоолошки градини. Тогаш, неофицијално, како причина беше неведено дека е прекинот на комуникацијата со ЕАЗА во изминатиот период, 2-годишна стагнација на Зоолошката, неизградениот аквариум и честото менување директори. Ова пак предизвика проблеми за носење на нови животни во ЗОО-Скопје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library550viv0l2rf3a3QkB5L

Волци избегале од живеалиштето во ЗОО Скопје, усмртиле кенгури и ему птици

Скопје | пред 2 дена

— реклама —
media-library45v6ok2ior4c1Ucuk2i

Принова во Скопје ЗОО: Родени две бели волчиња

Скопје | пред 3 седмици

zooloska-majmun

Дури и од мајмун крадат: Луѓе ги украле половина од поклоните купени за Мики и неговиот роденден

Скопје | пред 3 месеци

media-librarypdk8711irmkmfnYLqZ9

(Фото) Четири години по спасувањето: Делфина и Мики во скопската Зоолошка се адаптираат на самостоен живот

Скопје | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања