Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Слаб снег на Струмица–Крушево и Ѓавато, сите патишта се проодни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
media-libraryv2v42euca9ft5HpoR1r

Сите државни патишта низ Македонија се проодни и безбедни за сообраќај, информираат надлежните институции. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се апелира до возачите да управуваат внимателно и да ја прилагодат брзината според условите на патот.

— реклама —

Екипите на ЈП „Македонија пат“ се целосно ангажирани и во текот на целиот ден се на терен, со потребната механизација и работна сила, каде што континуирано се врши расчистување на снегот. Во координација со ЈП за државни патишта и Министерството за транспорт се спроведуваат заеднички активности со цел да се обезбеди безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

— реклама —
— реклама —

Од надлежните се упатува апел до возачите задолжително да користат зимска опрема, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и редовно да се информираат за состојбата на патиштата преку официјалните информативни центри.

— реклама —

Слаб снег во моментов провејува на патните правци Струмица–Крушево и Ѓавато, но истиот не се задржува на коловозот. Координираните активности на институциите ќе продолжат и во наредниот период, со цел да се одржи безбедноста во сообраќајот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-47-8200PM

Се санира автопатот Кичево – Охрид, воведен времен режим кај клучката Арбиново

Македонија | пред 3 седмици

— реклама —
media-libraryhiq71v7g4n3eby7IJJp

Од утре времен режим на сообраќај на автопатот Кичево – Охрид поради санација на коловозот

Македонија | пред 3 седмици

54a8ff4e-c248-4646-bfb8-58acb0765237-odron-718x446-1

Внимание за возачите: Одрони и градежни работи на повеќе патишта

Македонија | пред 1 месец

media-librarynri8ec573k3n4jAwGjT

Зголемена фреквенција на патиштата, нема подолги задржувања на границите

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања