Промени тема
Контакт
Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со Некст тајм, Пејчиновски, Кировски, Везилка 2
Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со Некст тајм, Пејчиновски, Кировски, Везилка 2

Славјанка Петровска ќе добие тужба од Мицкоски: Судот нека го расветли ова, да видиме со какви докази Петровска располага дека јас сум нарачувал убиства

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Screenshot-2024-05-30-at-08.55.22

Премиерот Христијан Мицкоски, ќе поднесе тужба против Славјанка Петровска, по нејзиното обивинување дека тој извршил убиство.

„Не и е првпат на Славјанка Петровска да нанесува удар на мене и моето семејство. Таа мене за жал монструозно ме обвини. Тоа јас го составам на нејзината чест и совест. Не сакам да навлегувам во длабочината на нејзината мисла. Се консултирав со мојот правен тим и ќе покренам тужба бидејќи би сакал органите, судот, до крај да го расветлат ова, да видат со какви докази располага Петровска, дека јас сум нарачувал убиства. Јас имам семејство, тоа фунцкионира низ градот. Не би сакал да се најде во непријатна состојба, бидејќи би рекол, одредени политичари се обидуваат да спечалат некој политички поен“, рече Мицкоски.

— реклама —

Според него, ова нема да и е последен пат на Петровска за вакви напади. Очекува во судска постапка да се докаже сето ова.

— реклама —

Славјанка Петровска на својот Фејсбук профил утрово објави фотографии од премиерот Мицкоски заедно со Борис Мутков – Фантом, кој според Петровска е лик познат во подземјето. Таа вели дека вчерашната престрелка во Сингелиќ е всушност „испраќање порака кој е кој“ токму од Фантом. Петровска тврди и дека братот на Фантом е дел од обезбедувањето на Мицкоски.

— реклама —

„Утрово ново убиство, нова пресметка. Додека Мицковски се фотографира и се смешка, пукање и мафијашки престрелки на секој чекор. Лично Мицковски стои и ги одобрува овие мафијашки престрелки, затоа и одбра вчера на големиот христијански празник Преображение, пред Божји храм да се фотографира со Борис Мутков – Фантом, познат лик на скопското подземје“, напиша Петровска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

thumbnail_Slika_03

Петровска: Владата привремено да го преземе управувањето со водоснабдувањето во Гостивар

Македонија | пред 6 дена

Screenshot-2024-05-30-at-08.55.22

Славјанка Петровска: Апелација потврди дека Ковачки ме клеветел за „хациендата со базен“

Македонија | пред 1 месец

Screenshot-2024-05-30-at-08.55.22

„Маж ѝ е, што сака нека ѝ прави“ е најстрашната нормализација на насилството, вели Петровска

Македонија | пред 1 месец

slavjanka

Петровска со критики до ВМРО-ДПМНЕ за гласањата во Собранието: Ова не е патриотизам, туку лицемерие

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања