Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Словенија: Срушен јунскиот температурен рекорд, измерени 38,7 степени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-library4mj581auo24g2N0aRJZ
Magnific

Во Словенија вчера беше соборен температурниот рекорд за месец јуни, откако во Поднанос, во Випавската Долина, беа измерени 38,7 Целзиусови степени.

— реклама —

Според словенечките медиуми и податоците на Агенцијата за животна средина (АРСО), станува збор за највисока температура измерена во јуни откако се водат споредливи мерења, односно од 1950 година.

— реклама —

„Откако имаме споредливи податоци, најмалку од 1950 година, на ниту една мерна станица во Словенија не е измерена повисока температура во јуни“, изјави климатологот Грегор Вертачник.

И покрај новиот рекорд, овогодишниот јуни најверојатно ќе биде само петтиот најтопол јуни во Словенија од почетокот на мерењата. Според проценките на АРСО, просечната температура за овој месец ќе изнесува околу 20,2 степени.

— реклама —

Најтопол јуни досега во Словенија бил минатогодишниот, а по него следуваат 2003, 2019 и 2022 година.

Овогодишниот јуни е за околу 2,7 степени потопол од просекот за периодот од 1991 до 2020 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library79u307dnpu67eS0Pubb

Нови камери на автопатите во Словенија: Забавувањето пред радарот повеќе нема да ве спаси од казна

Свет | пред 6 дена

— реклама —
media-libraryh1p24huuef7gaJ63Xld

Во Словенија откриена нелегална фабрика за цигари вредна 30 милиони евра

Свет | пред 2 седмици

media-libraryflied4nfjmu68Ot24Gg

Возел во рикверц на словенечки автопат, двајца загинати, дете се бори за живот

Свет | пред 2 седмици

media-libraryqnv4rtloq1bm20nOuTs

Словенците ги отфрлија измените на Законот за парламентарна истрага на референдум

Балкан | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања