Промени тема
Контакт

Снег на Попова Шапка, лапавица на Пресека и магла кон Скопје – сообраќајот во зимски услови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
pat-magla

Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива во зимски услови и по влажни коловози, информираат од АМСМ. Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но засега не претставуваат пречка за нормално одвивање на сообраќајот.

— реклама —

На планинскиот превој Пресека се регистрирани слаби врнежи од дожд и снег, односно лапавица, додека намалена видливост поради магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.

— реклама —

Според информациите, сите патни правци во државата се проодни, а интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата за патнички возила и автобуси.

Од АМСМ потсетуваат дека од 15 ноември 2025 година во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталните временски услови, а мерката ќе трае до 15 март 2026 година.

— реклама —

Се апелира до возачите да ја прилагодат брзината на движење, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да управуваат внимателно, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите каде постои можност од појава на одрони. Посебна внимателност се препорачува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Воедно, патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк Галичица останува затворен за сообраќај за сите видови возила во периодот од 21 ноември 2025 до 31 март 2026 година поради сезонскиот режим.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

54a8ff4e-c248-4646-bfb8-58acb0765237-odron-718x446-1

Внимание за возачите: Одрони и градежни работи на повеќе патишта

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-librarynri8ec573k3n4jAwGjT

Зголемена фреквенција на патиштата, нема подолги задржувања на границите

Македонија | пред 1 месец

avtopat

Прекинат сообраќајот на патот Прилеп–Битола кај Млин „Осман“

Македонија | пред 1 месец

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-42-1690PM

Зголемена фреквенција на патиштата, нема подолги задржувања на границите

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања