Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Снимки од „Сејф сити“ се презенираа на судењето за таткото на Васил, кој ја усмрти Фросина на пешачки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 часа -

Македонија
Seq-16-9.00_00_05_01.Still001

Со сослушување на сведок и изведување видео-докази од системот „Безбеден град“, денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето против Зоран Јованов, татко на Васил Јованов. Одбраната и на ова рочиште инсистираше дека не постојат директни докази оти обвинетиот му го доверил возилото на својот син, оценувајќи дека Обвинителството настапило недоволно подготвено при изведувањето и образложувањето на доказите.

— реклама —

Пред судот сведочеше пријателка на Васил Јованов, која изјави дека ретко се возела со него и дека никогаш не разговарале за тоа дали автомобилот му бил даден од неговиот татко. Таа наведе дека нема сознанија оти управувал возило без возачка дозвола, освен фактот дека знаела оти во една прилика бил казнет.

Во текот на рочиштето беа прикажани три видео-снимки, за кои одбраната изнесе приговори, истакнувајќи дека од нив не може со сигурност да се утврди идентитетот на лицето, управувањето со возилото, ниту пак нивната суштинска релевантност за предметот. Посебно беше нагласено дека системот не овозможува препознавање лица, што, според одбраната, го доведува во прашање доказното значење на снимките.

— реклама —

Судот соопшти дека сите изведени докази ќе бидат ценети во завршната фаза од постапката. Судењето продолжува во рамки на предметот поврзан со сообраќајната несреќа од јануари 2025 година, во која животот го загуби пешакот Фросина Кулакова.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

vasil-j

Апелација пресече, 13 години затвор за Јованов, кој ја прегази Фросина

Скопје | пред 1 месец

vasil-j

Возачот Васил Јованов бара помала казна, обвинителката Фатиме Фетаи – построга пресуда

Македонија | пред 3 месеци

frosina-vasil-1414

ВМРО-ДПМНЕ: Случајот со Васил Јованов е доказ за корумпираното судство на СДС и ДУИ

Македонија | пред 3 месеци

Seq-16-9.00_00_05_01.Still001

(Видео) Предложени се глупости од докази против таткото на Васил, зар ние одговараме за постапките на нашите полнолетни деца, праша адвокатот

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања