Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Со 1,69 промили алкохол и без возачка дозвола излетал од патот кај Зрновци, едно лице тешко повредено

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryobodqo8jcvav7Qe15vw
Илустрација / Скопје1

Дваесет и четиригодишен возач од виничко е лишен од слобода откако без возачка дозвола и под дејство на алкохол предизвикал сообраќајна несреќа на регионалниот пат Грдовци – Зрновци, во која едно лице е тешко повредено, соопшти Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Несреќата била пријавена на 23 јули околу 3:30 часот во ОВР Кочани. Според информациите од МВР, Д.Н. (24) од селото Градец, управувајќи патничко возило „Опел“ со винички регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од коловозот.

— реклама —

Во несреќата тешки телесни повреди добил сопатникот С.С. (28) од селото Јакимово, додека возачот и сопатникот Д.А. (28) од селото Истибања се здобиле со телесни повреди. Повредите биле констатирани во Јавната здравствена установа во Кочани.

— реклама —

При увидот, полициските службеници утврдиле дека Д.Н. не поседува возачка дозвола. Дополнително, со извршените проверки било констатирано дека управувал под дејство на алкохол, при што му биле измерени 1,69 промили алкохол во крвта.

— реклама —

По наредба на јавен обвинител, Д.Н. е лишен од слобода, а по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryb84o1iapvvk51d1I1Yi

Напади врз сопруги, деца и членови на семејството: Десет пријави за семејно насилство

Македонија | пред 14 часа

— реклама —
media-libraryp3s5jsmgm8jg0VTruJD

Лажни пораки во име на „Безбеден град“ за казни, МВР открива како да ги препознаете

Македонија | пред 14 часа

media-librarytgu6ftghk9oa3gosXEJ

Народната банка спровела четири нивоа на проверки пред давањето согласност за преземањето на Стопанска банка АД Битола од страна на Алта банка од Србија, тврди Славески

Македонија | пред 15 часа

media-libraryl83rfetao1pedcgre47

Шест возачи приведени за безобѕирно управување со возило, четворица немале возачка дозвола

Македонија | пред 15 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања