Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Со обиди за компарации на плати и популистички изливи на агресија само се докажува партиската позадина на дел од раководството на синдикатот, вели Владата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2025-04-02-at-12.13.19

„Апелираме до синдикатот да не ја злоупотребува ситуацијата во државата и да не се обидува да ја извитопери дебатата со нешто кое е еднакво важно и за нас како влада, а тоа е состојбата на работниците“, велат од Владата и додаваат:

Со обиди за компарации на плати и популистички изливи на агресија само се докажува партиската позадина на дел од раководството на синдикатот. Кога прават компарација на плати, да ги потсетиме дека ние како влада бевме против кога платите на функционерите се зголемуваа, а синдикатот тогаш молчеше за своите партиски миленици од СДСМ и ДУИ. Како што молчеа со години додека СДСМ беше на власт, а државата ја уништуваа, ограбуваа и продаваа. Но тоа е зад нас.

— реклама —

Ние на овој проблем гледаме како на проблем на тешката и сложена социоекономска состојба во државата, а не на персоналните политички амбиции на дел од раководството на синдикатот. Нивото на дискусија да ги спуштиме сите платите – за нас не е проблем и да ги спуштиме платите, но на работниците тоа нема да им го реши проблемот. Притоа, да потсетиме дека ова е прва влада која донесе одлука за замрзнување на платите на функционерите.

Истовремено, за премиер да има иста плата со претседател на синдикат, треба претседателот на синдикатот да победи на избори на првите наредни парламентарни избори, а пред тоа да има договор да се најде на листите на СДСМ.

— реклама —

Тогаш, ако го изгласа народот, ќе видиме дали така лесно ќе се откажува од платата. Штом е така подготвен коцкарски да се откаже од својата плата, лошо зборува за него и за блеферската природа на неговата личност. Впрочем, само човек што има многу пари со леснотија може да се откаже од пола плата.

— реклама —

Апелираме затоа да внимава, затоа што прави очигледна Фројдова грешка со која покажува дека за него парите не се проблем, зашто преку ноќ, во излив на блеф и партиски мотив, кажува дека е подготвен да се откаже од своите примања.

Исто така, сметаме дека проблемот на работниците може да се реши системски и со вистински пристап. Сегашниот пристап на овие луѓе е погубен, и тие играат рулет со нешто кое за нив е обид за политичка кариера и злоупотреба, а за нас е прашање на живот, тоа е животот на работниците.

— реклама —

Со сила и со ваква очигледна партиска мотивираност и со малициозен и неразумен пристап, ништо нема да постигнат. Зошто молчеа 7 години? Народот тоа го гледа. И прави разлика.

Ние се трудиме и ќе се трудиме да наоѓаме решение за работниците, затоа што тоа е проблем наталожен и на државата и на сите нас. Ние сочувствуваме со тешката состојба и со проблемите на нашиот народ, и од таа наша мисија нема да нè оттргнат партиски мотивирани самонаречени синдикалци кои тераат партиска агенда на партиите СДСМ и ДУИ, против кои збор не зуцнаа цели 7 години и соработуваа со нив, уживајќи во благодетите на синдикалниот живот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library752h05roicf34cJytLV

Извештајот на ЕК за 2026 година тема на денешната дискусија во Владата: Во фокусот напредокот и реформите

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library752h05roicf34cJytLV

Владата го усвои Предлог-ребалансот на Буџетот за 2026 година

Македонија | пред 1 месец

benzinska-benzin-nafta-

Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот до 12 октомври

Македонија | пред 1 месец

media-libraryrvnv9su2jj953qKCRwJ

Владата донесе одлука: Се намалува ДДВ-то за горивата од 18 проценти на 10 проценти

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања