Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„Со реформите во јавната администрација и растот на платите, создаваме професионален, ефикасен и модерен јавен сектор“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-library9lb2s937gt7dfILwEEE

ВМРО-ДПМНЕ преку соооштение соопшти дека Владата во изминатите две години спровела значајни реформи во јавната администрација со цел создавање професионален, ефикасен и модерен јавен сектор кој, како што наведуваат, ќе биде вистински сервис за граѓаните.

— реклама —

Според партијата, најзначаен резултат од реформскиот процес е усвојувањето на Законот за административни службеници, Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за стручно усовршување и обука на административните службеници.

— реклама —

Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека со овие законски решенија се воспоставува современа и стабилна рамка за поефикасно функционирање на јавната администрација, заснована на професионалност, отчетност, стручност и обезбедување поквалитетни услуги за граѓаните.

Во соопштението се наведува дека Владата работи и на подобрување на статусот и условите за работа на административните службеници, при што преку дијалог со синдикатите и колективните договори е постигнат договор за континуирано зголемување на платите за 40 проценти до 2028 година.

— реклама —

Од партијата истакнуваат дека овие мерки не претставуваат само законски измени, туку конкретни политики насочени кон подобрување на животниот стандард, мотивацијата и професионалниот развој на вработените во јавниот сектор.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ додава дека нивна определба е јавната администрација да биде ефикасен, транспарентен и достапен сервис за граѓаните, а не бирократска пречка, и најавува продолжување на реформите насочени кон создавање стабилен и европски ориентиран јавен сектор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryqcnmgcmc0fu3fN7MQmr

„Надзорната расправа организирана од СДС е поразена, Филипче матиран со вистината за Алта банка“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 15 часа

— реклама —
media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„Филипче е нервозен затоа што ќе се најде решение за Алта банка, во време на СДС банките пропаѓаа, се затвораа, а блиски до кланот Заеви се богатеа“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 ден

media-library2pnult34j92r4puAdC6

„Единствено во периодот на власт на Заев и Филипче преку Еуростандард банка, во Македонија се „испрале“ пари од Венецуела“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryahomartd0jn5cfpdRzU

ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции, а сега со Алта банка нема да се дозволи граѓаните да бидат оштетени

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања