Промени тема
Контакт

Со самострел, стрелано во мирни маалски миленици во близина на градинка „Пони“ и детски игралишта во Хиподром, велат од Анима Мунди

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
465025293_539784725347775_8378153178362246114_n

„Со самострел, стрелано во мирни маалски миленици во близина на градинка „Пони“ и детски игралишта во Хиподром. Итно да се истражи, открие и најстрого казни сторителот кој од чиста забава и во повеќе наврати со самострел нишани и застрелува мирни маалски животни, мачиња и кучиња, во Хиподром, во околина на детската градинка Пони, основно училиште „Вера Јоциќ“и детските игралишта кои се полни со деца, пред кои и се застрелани нивните маалски миленици!“, велат од Анима Мунди.

„Ова е кутре Нуну, локален миленик, мирна да помирна нема, куче кое децата го обожуваат – изложено на болка и страотно страдање ; за среќа сакано и веднаш му е укажана ветеринарна помош.

— реклама —

На мачките е стрелано при што се предизвикани и многу посериозни рани, а во еден случај луѓето не успеале да го фатат застреланото и преплашено животно, кое останало со метална стрела во телото.

— реклама —

Граѓани се преплашени, гневни, пријавиле во полициската станица Автокоманда и бараат поддршка. Информациите кои бараме да бидат проверени е дека 18 – 19 годишно момче од населбата е видено со ваков вид самострел и посочено како можен сторител. Поединци ни посочуваат дека бил агресивен и во рамки на семејството.

Додека насилството врз животните не се препознава и третира како сериозна психосоцијална девијација и опасност по сите, додека не се превземат најстроги мерки , додека во државни рамки не се промовира соживотот помеѓу човекот и другите живи битија, хуманоста и емпатијата не се поттикнуваат и учат од мали, а ваквите случаи ќе бидат се позачестени и ќе ескалираат многу пошироко. Во случајов секое дете, жител на населбата, случаен минувач е потенцијална жртва на некој кој има без двоумење психосоцијален проблем, решил да се изживува, се осмелил да пука во живи мети и делото го повторува веќе најмалку 5 пати во една седмица!

— реклама —

Повикуваме на итно постапување на службите на МВР, сериозна истрага; постапување на училишните и други служби од доменот на менталното здравје доколку е точно тврдењето дека делото го прави момче од 18/19 години кое од далечина стрела и ужива во болката која ја нанесува и очигледно нема намера да запре!“, се вели во соопштението на Анима Мунди.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

B630A5ED-6BF9-4200-ACFE-74B8D3D5B613_1_105_c

Анима Мунди: Молкот на ЗОО Скопје отвора сериозни прашања за безбедноста на животните

Македонија | пред 2 месеци

— реклама —
media-library3oo007s5qjd9frBrrzW

Судско рочиште за закланите коњи во ЗОО Скопје, „Анима Мунди“ прашува: Чии се коњите кои биле одземени и потоа заклани?

Македонија | пред 6 месеци

media-librarydrkpfggegl615FzL90S

(Видео) Пет кученца фрлени на улица, снимен сопственикот кој не сакал да ја стерилизира неговата кучка

Скопје | пред 6 месеци

media-library558kdnt22jjqdn63hj6

„Анима Мунди“ бара напуштањето миленик да стане кривично дело: Пет од шест заловени кучиња имаат сопственик

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања