Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Со туѓ идентитет земал надоместок од 38.000 денари од Агенцијата за вработување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-librarynrr78uj11n3e5s1L3vA
ФБ

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривични пријави против две лица поради сомнение за злоупотреба при користење паричен надоместок од Агенцијата за вработување.

— реклама —

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, кривична пријава е поднесена против Ј.К. (52) од селото Саса, Општина Македонска Каменица, поради сомнение за кривично дело „измама при добивање кредит или друга погодност“, како и против Б.К. (57) од Кочани, кој се сомничи за „поттикнување“ во врска со истото кривично дело.

— реклама —
— реклама —

Според истрагата, на 8 мај годинава Ј.К. во просториите на подрачната единица на Агенцијата за вработување во Македонска Каменица се претставил како Б.К. и во негово име доставил контролен картон за редовно пријавување на невработено лице.

— реклама —

Од МВР наведуваат дека Б.К. бил корисник на паричен надоместок од Агенцијата за вработување во периодот од 1 февруари до 5 јуни 2026 година и имал законска обврска лично да се пријавува во Центарот за вработување Делчево на секои 30 дена. Наместо тоа, како што се сомничи, го поттикнал Ј.К. да се пријавува во негово име, со што незаконски стекнал имотна корист во износ од 37.768 денари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryb84o1iapvvk51d1I1Yi

Напади врз сопруги, деца и членови на семејството: Десет пријави за семејно насилство

Македонија | пред 16 часа

— реклама —
media-libraryp3s5jsmgm8jg0VTruJD

Лажни пораки во име на „Безбеден град“ за казни, МВР открива како да ги препознаете

Македонија | пред 16 часа

media-librarytgu6ftghk9oa3gosXEJ

Народната банка спровела четири нивоа на проверки пред давањето согласност за преземањето на Стопанска банка АД Битола од страна на Алта банка од Србија, тврди Славески

Македонија | пред 17 часа

media-libraryl83rfetao1pedcgre47

Шест возачи приведени за безобѕирно управување со возило, четворица немале возачка дозвола

Македонија | пред 17 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања