Софија Спасова-Медарска избрана за заменик-претседател на ДКСК

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Македонија
media-libraryg3djcn2a71jb3LpltZs

ДКСК денеска на 27-та седница го усвои посебниот извештај за утврдените состојби во финансирањето на изборна кампања за избор на градоначалници и советници во општините во Р. Македонија 2025 година, со препорака дека за идните изборни процеси е потребно унифицирање на стандардите за евиденција и јавните правила во однос на учесниците, како и врската за банкарски податоци, а се отвора и прашање за дигитализирање на процесите на креирање на финансиските извештаи, со цел да се овозможи одговорно, отчетно и транспарентно водење на процесот.

— реклама —

Претседателот на ДКСК, Адем Чучуљ сумирајќи ги наодите во Извештајот посочи дека иако постојат основни механизми за финансиско известување и јавна отчетност нивната ефикасност не е доволна поради правилата, кои се дизајнирани, особено во однос на локалните избори, кои се одржуваат во два круга, со голем број на учесници. Тој посочи дека овие слабости во значаен дел се повторуваат и во претходните изборни циклкуси и посочи дека се потребни законски измени за усвојување на подобри решенија.

— реклама —

Чучуљ истакна дека моделот на финансирање останува доминантно зависен од јавните средства, како и од внатрешно партиски извори на учесниците. Проверливоста на финансирањето е ограничена, како што рече Чучуљ, поради системски пропусти.

— реклама —

ДКСК формирала 43 предмети по поднесени пријави, како и по сопствена иницијатива, кои се однесуваат на прекршување на Изборниот законик и на Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, за 38 предмети е донесена одлука, а за пет случаи постапувањето е во тек.

На денешната седница Софија Спасова-Медарска беше избрана за заменик-претседател на ДКСК, во следните шест месеци.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr99im592jump9NCc6sg

Антикорупционерка под лупа: Два предмети за Цвета Ристовска

Македонија | пред 2 седмици

media-librarydsfa2i0l0hm45ZOHafn

Левица: Повеќе од еден месец молк од антикорупциска за тендерските шеми на Томовски

Македонија | пред 3 седмици

antikorupcija

Левица: „ДКСК со својот демант ја потврди сервилноста кон власта“

Македонија | пред 3 седмици

432224-720x340-1

Левица обвинува за „октопод“ во ДКСК: Архивата како механизам за прикривање предмети блиски до ДПМНЕ

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања