Промени тема
Контакт

Шокантно убиство во Холандија: Браќа задавиле сестра, ја врзале и врлиле во мочуриште – таткото осомничен за нарачка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Свет
media-library7h2rhr5785ot10eG9zC

Во Холандија започна судскиот процес против двајца сириски државјани, браќата Мохамед (23) и Муханад Ал Наџар (25), обвинети за бруталното убиство на нивната 18-годишна сестра Рајан Ал Наџар. Обвинителството тврди дека се работи за таканаречено „убиство од чест“, мотивирано од незадоволството на семејството поради нејзиното „западњачко однесување“ и љубовната врска која, според нив, ја нарушувала „честа на семејството“. Се сомничи дека таткото, Халед Ал Наџар, кој е во бегство, го издал налогот.

Беживотното тело на девојката беше пронајдено на 28 мај во мочуриште кај Лелијстад, шест дена по нејзиното исчезнување од семејниот дом во местото Јоуре. Според обвинението, таа била задавена, врзана, со залепени уста и фрлена во вода со тегови. Истражителите пронашле ДНК од таткото под нејзините нокти, што укажува на очајничка борба за живот. Судењето за Халед се води во отсуство.

— реклама —

Иако двајцата браќа се изјаснија за невини и ја префрлаат целата вина врз таткото, обвинителството не верува во нивната верзија. Халед, преку два мејла испратени до холандски медиуми, тврдел дека сам го извршил убиството и дека синовите се невини, но обвинителите го отфрлија тоа како обид да ги заштити.

Обвинителството смета дека таткото им наредил на синовите да ја одведат Рајан на оддалечена локација и да ја убијат. Девојката пред трагедијата била под полициска заштита, но мерката била укината непосредно пред убиството.

— реклама —

Според истрагата на холандската емисија Nieuwsuur, Халед Ал Наџар моментално се наоѓа во северна Сирија, каде што повторно се оженил. Холандското министерство за правда тврди дека нема правна основа за негово екстрадирање, бидејќи соработката со сириските власти е невозможна. Сирискиот министер за правда Мазхар ел-Вајс го демантираше тоа, тврдејќи дека системот е функционален и дека Сирија е подготвена за соработка. Тој истакна дека неговото министерство никогаш не добило барање од Холандија за овој случај.

— реклама —

Случајот повторно го отвори прашањето за растечкиот број „убиства од чест“ во Европа. Холандската полиција секоја година обезбедува засилена заштита за најмалку пет жени изложени на висок ризик, а извештаи од повеќе европски земји укажуваат дека ваквите злосторства и насилства поврзани со „чест“ се во пораст последните две до три децении.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8cd0jpv0aak195JEOFQ

Вирусот на Западен Нил се шири во Холандија: девет заразени и еден починат

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryru33gus5snuq208c5cg

Западнонилската треска однесе прва жртва во Холандија

Свет | пред 2 седмици

prevrten-avtobus

Автобус со повеќе од 50 ученици се судри со комбе и се преврте во Холандија

Свет | пред 3 седмици

novcanik

Над половина милион домаќинства во Холандија се соочуваат со енергетска сиромаштија

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања