Промени тема
Контакт

Сомнеж за повреда на владеењето на правото: Уставниот суд го отвори случајот со извршувањето над јавните институции

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
ustaven-sud

Уставниот суд на Република Македонија на седница одржана на 21 јануари 2026 година поведе постапка за оценување на уставноста на член 218 од Законот за извршување, поради сомнеж дека одредбата е нејасна, непрецизна и спротивна на уставните начела на владеење на правото и заштита на сопственоста.

Според Судот, со оспорениот член се воведува општа и недоволно дефинирана забрана за извршување врз предмети и права на државата, органите на јавната власт, единиците на локалната самоуправа и јавните претпријатија, доколку тие се сметаат за неопходни за вршење на нивната дејност. При тоа, законодавецот не утврдил јасни правни стандарди ниту прецизирал кои конкретни предмети и права се опфатени со ова ограничување.

Уставниот суд изрази сомнеж дека ваквото законско решение доведува до ситуација во која правосилните судски пресуди и извршните решенија во корист на граѓаните и правните лица остануваат само формално признати, но во практика неизводливи. Како што беше посочено, доверителите можат да добијат пресуда во своја корист, но да не можат да ја реализираат, бидејќи не е јасно што точно може, а што не може да биде предмет на извршување.

Дополнително, Судот го проблематизираше и вториот став од членот 218, кој му дава дискреционо право на претседателот на надлежниот суд да утврди кои предмети и права се неопходни за вршење на дејноста на должникот. Според оценката на Судот, ваквото решение создава правна непредвидливост и отвора простор за произволно одлучување, што директно ја нарушува правната сигурност како темелна уставна вредност.

— реклама —

Во образложението беше нагласено дека ограничувањето на можноста за ефективна наплата на парични побарувања може да значи и повреда на уставно загарантираното право на сопственост, бидејќи доверителите, и покрај добиената пресуда, фактички остануваат без заштита.

— реклама —

Иако подносителот на иницијативата, Николче Митевски, ја оспорил само содржината на првиот став од членот 218, Уставниот суд по сопствена иницијатива одлучи постапката да ја прошири и на вториот став, оценувајќи дека тие се меѓусебно поврзани и не можат одвоено да опстојуваат во правниот поредок.

Во иницијативата е наведен и конкретен пример од судската пракса, каде лице вработено во комунално претпријатие, со наполнети 15 години работен стаж, не можело да го оствари правото на пензија поради неисплатени придонеси. Иако лицето добило правосилна судска пресуда во своја корист, извршување не било можно, бидејќи извршителот не можел да преземе дејствија против јавното претпријатие токму поради непрецизноста на спорната законска одредба.

— реклама —

Уставниот суд најави дека при донесувањето на конечната одлука ќе го земе предвид и правното дејство што евентуалното укинување или поништување на членот 218 би го имало врз државните органи, јавните претпријатија и општините кои се соочуваат со извршни постапки, и согласно тоа ќе ја цени конечната одлука.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

IMG_4929

Судскиот совет и Здружението на судии: Одлуката на граѓанскиот суд не може да биде однапред определена од Уставниот суд

Македонија | пред 1 седмица

ustaven-sud

Уставниот суд првпат пријави судија од Граѓанскиот суд поради непочитување на нивната одлука

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryvjjmol4tsd7kbzGCssq

Уставните судови на Македонија и Турција ќе ја интензивираат билатералната соработка

Македонија | пред 1 месец

ustaven

Уставниот судија Гоце Наумовски поднесе оставка, Судот за тоа дознал од Собранието

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања