Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Сомнежи за штета од 42 милиони денари во прилепската болница – истрага против поранешна директорка и управители на фирми

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
IMG_4703

По поднесена кривична пријава од Управата за финансиска полиција, Основното јавно обвинителство Прилеп отвори истрага против 16 физички и 7 правни лица, а уште девет лица се осомничени за дела кои ќе се гонат во скратена постапка.

— реклама —

Осомничените се товарат за повеќе тешки кривични дела, меѓу кои злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство, како и проневера во службата. Обвинителството испитува и дополнителни дела поврзани со несовесно работење, злоупотреба на службена положба, фалсификување и уништување на деловна документација.

— реклама —

Според наводите, осомничените – меѓу кои се поранешната директорка, раководители и други вработени во болницата, како и управители на неколку фирми – свесно ги прекршувале прописите за јавни набавки во ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ – Прилеп. Тие, преку договори за сервисирање возила, чистење, водовод, молерофарбарски услуги, обезбедување и реконструкција на инфективното одделение, како и преку незаконски исплати и измени на налози, предизвикале штета на буџетот на болницата од 42.726.978 денари.

Обвинителството нагласува дека сомнежите се потврдени и со наоди од Државниот завод за ревизија, кој утврдил неправилности во начинот на склучување и извршување на јавните набавки.

— реклама —

До судијата на претходна постапка е доставен предлог за определување притвор за шестмина осомничени, а за останатите се предложени мерки на претпазливост.

— реклама —

Оваа акција следува по координираните активности на Финансиската полиција и Обвинителството, кои во последните денови интензивно работат на расчистување на сомнежи за злоупотреби во јавните здравствени институции.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

nasilstvo-vrz-deca

Малолетник физички нападнат на час во училиште во Прилеп

Македонија | пред 1 месец

— реклама —
policija-policaec

Полицијата запре „сеат“, возачот без дозвола заврши во станица

Македонија | пред 2 месеци

vozacka-1

Со завршено четврто одделение сакал да извади возачка, па фалсификувал диплома

Македонија | пред 4 месеци

media-librarythkgmffbbch25lRScqL

Трагичен крај на потрагата, МВР со детали: Пронајдено безживотното тело на прилепчанецот Виктор Илиоски

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања