Промени тема
Контакт

Сопственик и пет странски државјанки приведени при акциска контрола во угостителски објект во Тетово

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-59-2780PM

Полициски службеници од СВР Тетово лишија од слобода 44-годишниот Џ.М. од Тетово, сопственик на угостителски објект во тетовското подрачје, при акциска контрола извршена во раните утрински часови. При контролата, во објектот на улица „Браќа Миладинови“, лоциран покрај автопатот Гостивар–Тетово, биле затекнати 11 женски лица, од кои шест македонски државјанки и пет државјанки од Албанија, Косово и Србија.

-На 17.07.2025 во 03.50 часот во угостителски објект во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Џ.М.(44) од Тетово. При акциска контрола во периодот од 01.00 до 04.00 часот во неговиот угостителски објект на улица „Браќа Миладинови“, покрај автопатот Гостивар- Тетово, полициските службеници од СВР Тетово затекнале 11 женски лица на возраст од 20 до 53 години, од кои шест македонски државјанки и пет државјанки на Албанија, Косово и Србија, кои работеле во угостителскиот објект, се наведува во сооптението на МВР.

— реклама —
— реклама —

Странските државјанки биле приведени и задржани во полициска станица поради сомнение за злоупотреба на туристичкиот престој, додека сопственикот Џ.М. останал во полициска станица за понатамошна постапка. По завршување на документарната постапка, против него ќе биде поднесена пријава по член 212 од Законот за странци, кој се однесува на „помагање на странец при незаконит престој“.

— реклама —

фото: архива/Скопје1

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryuh8iq91pp6mpcZBdutJ

Трагична вест од Тетово: Загина младиот фудбалер Даниел Николовски

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryqlrpd0b966978v1Kf15

Водата во четири тетовски села не е безбедна за пиење

Македонија | пред 2 седмици

bolnica-tetovo

Клиничката болница во Тетово ќе добие нова инфектологија, онкологија и гинекологија

Македонија | пред 1 месец

media-library7eb6tjv5qen8eeDBwUQ

„Тетово е заложник на возила со швајцарски, германски и италијански регистарски таблички“, реагира тетовец за сообраќајниот хаос и нарушениот јавен ред во Тетово

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања