Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Состојбата со поплавите се смирува, водата се повлекува од земјоделските површини во Пелагонија, информира ЦУК

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
media-library5k8oa9s3sgot4uMOl1p

Во Пелагонискиот регион, водата полека се повлекува од поплавените земјоделски површини во атарите на Битола, Могила и Новаци, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Од обилните врнежи кои го зафатија поголемиот дел од државата, најголемата житница во државата, Пелагонија беше една од најпогодените.

— реклама —

Центарот за управување со кризи информираше дека во Пелагонискиот регион, во подрачјата во кои имаше излевање на реките, водата постепено се повлекува од поплавените површини. Нивото на реката Црна кај селото Новаци во 18 часот синоќа изнесувало 320 сантиметри.

— реклама —

Според ЦУК во Демир Хисар, поради оштетување на мостот на Боишка река затворен е локалниот пат кон селото Мренога. Реките се вратени во коритата, но, Црна сè уште се излева во атарот на селата Жван и Единаковци каде се поплавени земјоделски површини.

Во Ресен евидентирани се поплавени ниви од поројни води, па се интервенирало  со градежна механизација за расчистување на коритото на Голема Река.

— реклама —

Обилните дождови освен во Пелагонија, направија проблеми во југозападниот и западниот регион.

— реклама —

Во Кичево во тек е расчистување и дезинфекција на погодените домови, додека на евакуираните жители згрижени во спортската сала им е обезбедена неопходната помош.

Поплавите и одроните на патиштата предизвикаа проблеми низ повеќе региони во државата, но, се забележува постепено стабилизирање на состојбата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryuejkus7f7odsdN2DEB5

ЦУК со апел: Бројот 112 користете го само за итни случаи

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryg9g003g5e052cDjp05t

Дождот и маглата ги заробиле на Пирибег: ЦУК координирал акција за спасување на двајца странски планинари

Македонија | пред 1 месец

media-library79udkma0epe17GL70Xf

Осум пожари и натаму активни низ земјава, ЦУК регистрирал вкупно 21 пожар

Македонија | пред 1 месец

media-libraryj61haa5vc1i8cKYUxJs

Пожар кај Јаболчиште, гори букова и дабова шума

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања