Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Советниците на СДСМ бараат вонредена седница на советот, итни мерки и одговорност по трагедијата во Кисела Вода

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-library07a1m3cmu2nq2M3Cygb

Советниците од СДСМ во Општина Кисела Вода во своето соопштение известија дека поднесоа барање за итно свикување на вонредна седница на Советот, по трагичниот настан на градилиште во кој животот го загуби еден работник, а неколкумина беа повредени.

— реклама —

Во соопштението се изразува длабоко сочувство до семејството на загинатиот работник, а на повредените им се посакува брзо закрепнување.

— реклама —

Советниците нагласуваат дека трагедијата отвора сериозни прашања за безбедноста на градежните активности, почитувањето на прописите и улогата на надлежните институции, поради што бараат итна институционална реакција, стои во соопштението.

Во соопштението се наведува дека на вонредната седница треба да се донесат конкретни мерки, меѓу кои:

— реклама —
  • формирање независна стручна комисија за проверка на сите издадени одобренија за градба на територијата на општината,

  • итно воведување мораториум на сите градежни активности до утврдување на безбедноста и законитоста,

  • целосна транспарентност и јавно објавување на сите документи, дозволи и наоди поврзани со градбите.

Дополнително, се бараат итни мерки за заштита на граѓаните, вклучително проценка и евакуација на лица и објекти во ризик, како и санација на последиците и помош за погодените, стои во соопштението.

— реклама —

Советниците од СДСМ посочуваат дека ова не е политичко прашање, туку прашање на безбедност и човечки животи, и бараат седницата да се одржи без одложување, стои во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 2 часа

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања