Промени тема
Контакт

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Центар со предлог за враќање на стариот ценовник на ПОЦ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-library5picbu8fjvs35E2E2Ub

На денешната прес-конференција, советничката во Општина Центар од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Катерина Костадинова најави иницијатива за враќање на претходниот ценовник на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ (ПОЦ), обвинувајќи ја локалната власт дека со новите правила им наметнува дополнителен финансиски товар на жителите.

— реклама —

На прес-конференција, советничката Катерина Костадинова оцени дека новиот правилник за паркирање негативно влијае врз граѓаните, бидејќи наместо според бројот на возила во сопственост на едно лице, надоместокот се пресметува според бројот на возила регистрирани на иста адреса.

Според неа, тоа значи дека тричлено семејство кое има три возила регистрирани на иста адреса ќе треба да плаќа значително повисоки износи за паркирање во близина на својот дом.

— реклама —

„Преку новите поскапувања на паркингот за жителите на Центар, тие направија да бидеме туѓинци во своите маала, во сопствените домови“, изјави Костадинова.

— реклама —

Таа ја обвини општинската власт дека со ваквите мерки врши дополнителен притисок врз семејните буџети и најави дека советничката група ќе поднесе официјална иницијатива за враќање на стариот ценовник на ПОЦ.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека иницијативата е поттикната од бројните реакции на граѓаните и дека нејзината цел е да се намалат трошоците за жителите на Општина Центар.

— реклама —

Костадинова воедно упати критики и кон градоначалникот Горан Герасимовски и СДСМ, обвинувајќи ги за политики кои, според неа, се на штета на граѓаните на Центар.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

krasimir-karakachanov-960x540

ВМРО-ДПМНЕ до Каракачанов: Поканата за Самоил посоодветно е да им ја испратите на Заев и Филипче

Македонија | пред 21 час

— реклама —
media-libraryk9bg46ospo8339z0mxX

„На Филипче пак цел свет му е крив, никако да сфати дека СДС се распаѓа поради него“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 дена

media-libraryi8nc11fhp99ecwj2nqF

ВМРО-ДПМНЕ: „ Контрашот Филипче и талогот на СДС се јавија денес видно вознемирени и во очајна состојба, сериозна опозиција не може да се биде со став“

Македонија | пред 4 дена

media-libraryk9bg46ospo8339z0mxX

ВМРО-ДПМНЕ: Во Чешиново Облешево се работи на локална инфраструктура, чистење на диви депонии и подобри услови за млади

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања