Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

Шпанија бара дополнителни анализи пред да го прими заразениот крузер со хантавирус

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-librarynu895defg3c45y8j8M4

Круизерот „MV Hondius“, на кој е регистрирана појава на хантавирус, би можел да го продолжи патувањето кон Канарските Острови, соопшти Светската здравствена организација (СЗО), иако шпанските власти засега не донеле конечна одлука за негово прифаќање.

— реклама —

Според претставничката на СЗО, Марија ван Керхове, планот е бродот да пристигне на Канарите, каде што би се спровела целосна истрага и проценка на ризикот за патниците. Таа нагласи дека ризикот за пошироката јавност е низок, бидејќи хантавирусот не се шири лесно како грип или ковид-19.

— реклама —

Сепак, шпанското Министерство за здравство соопшти дека одлуката за пристанување нема да биде донесена сè додека не се анализираат епидемиолошките податоци собрани за време на престојот на бродот кај Зеленортските Острови. Дотогаш ќе се разгледуваат сите можни опции за најсоодветно пристаниште.

На бродот има околу 150 лица, откако тројца патници – холандска брачна двојка и германски државјанин – починаа, а неколку други се разболеле. Еден британски државјанин е евакуиран и се лекува во Јужна Африка.

— реклама —

СЗО информира дека се идентификувани вкупно седум случаи на хантавирус – два потврдени и пет сомнителни. Властите на Зеленортските Острови претходно не дозволија бродот да се закотви од претпазливост.

— реклама —

Хантавирусот може да предизвика тешки респираторни заболувања и најчесто се пренесува преку контакт со измет или урина од заразени глодари. Преносот меѓу луѓе е редок, а специфичен лек не постои – третманот се базира на медицинска поддршка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarynu895defg3c45y8j8M4

Австралија го продолжи карантинот за патниците од крузер со хантавирус

Свет | пред 3 седмици

— реклама —
media-libraryc6d6vuj4gv1h6bwHhpi

Бројот на заразени со хантавирус од крузерот се искачи на 13

Свет | пред 3 седмици

media-librarynu895defg3c45y8j8M4

Потврден нов случај на хантавирус кај патник од бродот „Хондиус“

Свет | пред 4 седмици

media-library6htarhp04gpsbR82zqt

Пациент со симптоми на хантавирус хоспитализиран во Лисабон

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања