“Спасовски и Ковачевски од Македонија направија Колумбија, криминалците со кои се сликаа продолжуваат да се убиваат меѓу себе”, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додава:
Спасовски, Ковачевски, Пендаровски беа први на сликите со криминалците кои во последата година се ликвидираат меѓу себе.
И оваа ликвидација води кон СДС. Застреланиот бил пронајден од братот полицаец чие име се спомнува во структурата на фирмата која продава јаглен на ЕСМ и РЕК Битола. А кавна тајна е дека ЕСМ и РЕК се златните рудници каде црпи пари врвот на СДС и ДУИ.
Коалицијата на СДС со криминалот продолжува и ќе биде тука се со конечниот пад на оваа власт на 8 ми мај.
Сега ги гледаме последиците од 7 години коалиција на СДС со мафијата.
Пукањето по улиците и убиствата засекогаш ќе останат симбол на времето додека СДС ја водеше државата. Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме.